Бизнисменот Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во базен во дворот на куќа во скопски Карпош.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во неделата, 28 јуни, во 18:15 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај 58-годишниот скопјанец.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на телото не биле забележани видливи траги на насилство. На местото бил извршен увид, а по насоки на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
Причината за смртта засега не е позната и треба да биде утврдена со обдукцијата.
Јованов во јавноста беше познат како бизнисмен и дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија. Неговото име се појавуваше и во судскиот предмет „Шпански скали“, во кој беше еден од обвинетите.
