Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 20-годишник од Мала Речица под истрага за тероризам, определен 30 дневен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 20-годишник од Мала Речица под истрага за тероризам, определен 30 дневен притвор
ХРОНИКА

20-годишник од Мала Речица под истрага за тероризам, определен 30 дневен притвор

Објавено February 20, 2026 16:51
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам.

Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца.

По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на „Discord“ профил што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот. По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.2.2026 година под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и асистенција на САЕ Тигар извршија претрес на дом и други простории во Мала Речица.

При претресот кај осомничениот се пронајдени и одземени секира, пет ножа со различна должина, телескоп, седум Iphone мобилни телефони и компјутер. Исто така, од таткото на осомничениот е одземен пиштол за кој поседува дозвола и повеќе парчиња муниција. Останатото пронајдено оружје – пиштол и автоматска пушка, дедото на осомничениот ги поседувал без дозвола и за него е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и со Решение мерката е определена во траење од 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР доби германска донација од 600.000 евра за модернизација на полицијата
Следна Статија Минималната синдикална кошничка за еден месец се зголемила за 969 денари и изнесува 67 382 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кирил Поп Христов ќе биде погребан во Еквадор, покрај океанот

Синоќа беше објавена веста дека почина актерот Кирил Поп Христов-Кили. Тој ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде живееше…

March 12, 2026
ХРОНИКА

Македонецот Дане Котески е убиен во Америка, запалена е неговата фирма – семејството бара помош

Македонец сопственик на компанија е пронајден починат, а неговата фирма била запалена во средата попладне во Крествуд во американската држава…

March 7, 2025
ХРОНИКА

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

 Фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик, 61-годишниот  Тасе Илиевски,  и 58-годишниот вработен   Марјан Ангелов, се виновни  за кривично дело „тешки дела…

July 25, 2025
ХРОНИКА

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?