Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР доби германска донација од 600.000 евра за модернизација на полицијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР доби германска донација од 600.000 евра за модернизација на полицијата
МАКЕДОНИЈА

МВР доби германска донација од 600.000 евра за модернизација на полицијата

Објавено February 20, 2026 16:42
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во просториите на Министерството ја прими донацијата од Сојузната Република Германија, вредна околу 600.000 евра.

– Во Министерството за внатрешни работи денеска ја примивме вредната донација од Сојузна Република Германија, во присуство на амбасадорката Петра Дрекслер, со што уште еднаш се потврди силното партнерство и меѓусебната доверба меѓу нашите две земји. Станува збор за опрема во вредност од околу 600.000 евра – моторни и специјални возила, термовизиски камери, компјутери и софтвери, уреди за проверка на документи, која директно ќе придонесе за поефикасна заштита на границите, поуспешна борба против организираниот криминал, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, како и за унапредување на форензичките капацитети –  соопшти Тошковски преку социјалните мрежи.

Фото: МВР
Фото: МВР
Фото: МВР

Министерот нагласи дека значењето на оваа поддршка не се огледува само во опремата, туку и во пораката што ја носи – дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во обезбедувањето сигурност и стабилност за граѓаните.

– Преку заедничките обуки и размената на искуства градиме модерна, професионална и европска полиција. Искрена благодарност до Сојузната полиција на Германија и до Амбасадата на Германија за континуираната поддршка. Продолжуваме заедно да ја јакнеме безбедноста и институциите на нашата држава, – посочува Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Давкова: Помилувањето на затворениците не смее да се води од казната, туку од ресоцијализацијата
Следна Статија 20-годишник од Мала Речица под истрага за тероризам, определен 30 дневен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Костадинов и СДСМ се скараа за промена на пол кај деца без согласност на родители

СДСМ е фатен на дело, потврди дека имаше во план да дозволи промена на пол на малолетни деца, без притоа…

May 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гори планината Серта кај Штип – се бара помош од воздух

Пожар попладнево избувна на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нова снимка од евакуацијата на „Пулс“: Луѓето панично бегаат додека дискотеката е во пламен (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави ново видео од кобниот момент во кочанската дискотека „Пулс“ каде што животот во пожар го…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Воздушниот простор затворен до понеделник – единаесет македонски државјани побарале евакуација од Израел

До овој момент, до дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, единаесет македонски државјани официјално побарале евакуација од Израел. Согласно последните информации,…

February 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?