Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Давкова: Помилувањето на затворениците не смее да се води од казната, туку од ресоцијализацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Давкова: Помилувањето на затворениците не смее да се води од казната, туку од ресоцијализацијата
МАКЕДОНИЈА

Давкова: Помилувањето на затворениците не смее да се води од казната, туку од ресоцијализацијата

Објавено February 20, 2026 16:38
Сподели
Сподели

„Луѓето кои се во затвор не престануваат да бидат човечки суштества, тие имаат право на дигнитет и интегритет, и помилувањето никогаш не смее да се води од казната што е одредена и од природата на делото, зборувам низ уставно-правен аспект, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација во институцијата. Или ако сакате, јас мислам дека сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, односно ќе го изгубат правото на движење на некој начин, имаат право на втора шанса. Впрочем денеска трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите. Нашите затвори сè уште не го исполнуваат овој услов. Често пати сум ги слушала моите колешки колеги кога со право укажуваат дека можеме да се најдеме под удар на Советот на Европа, дури и за елементи на тортура во постапувањето кон луѓето во затворите, низ многу димензии, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во воведното излагање на научно-стручната расправа по предлог-законот за помилување на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Добро е што се седна да се изработи нов закон бидејќи, како што рече, актуелниот „не личи на закон, особено ако мора да го читаме низ призма на она што го стори Уставниот суд менувајќи многу одредби“ и оти членовите на комисијата не може да имаат „истражни“ надлежности и да бараат информации од судовите или агенциите и оти во нејзиниот состав не траба да бидат судии, адвокати…

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од ОАЕ во нашата земја
Следна Статија МВР доби германска донација од 600.000 евра за модернизација на полицијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си

Со изградбата на овој семакедонски, сеправославен храм се надминавме себе си. Овој нов молитвен дом со неверојатна убавина нека биде…

September 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови Македонија. Според…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани, соопштија оттаму по денешниот напад…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата

Повторното повлекување на автобусите на ЈСП Скопје во гаражите, според премиерот Христијан Мицкоски, не е поврзано со немање нафта туку…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?