Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛЕН: Партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица не можат да го поднесат редот во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВЛЕН: Партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица не можат да го поднесат редот во Чаир
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица не можат да го поднесат редот во Чаир

Објавено May 6, 2026 16:21
Сподели
Сподели

Коалицијата ВЛЕН во денешното соопштение упатува обвинувања до ДУИ, нарекувајќи ги нивните реакции „стари филмови“. Според ВЛЕН, нападите кон Изет Меџити се резултат на немоќта на ДУИ да се соочи со реалноста по нивното заминување во опозиција.

„Партијата од ’Соравија’ и милионерите од Мала Речица не можат да го поднесат редот во Чаир“,велат од ВЛЕН.

Од ВЛЕН потенцираат дека политичката тежина на Изет Меџити доаѓа директно од граѓаните, а не од партиските кабинети.

„Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со глас, со терен, со луѓе“,се вели во соопштението од ВЛЕН.

Во соопштението директно се споменуваат Бујар Османи, Блерим Беџети и Фатмир Бесими, за кои од ВЛЕН велат дека се луѓе што политиката ја гледаат само преку „тендери и личен комодитет“.

ВЛЕН објави број на денови поминати на функција на кадрите на ДУИ. За Бујар Османи велат дека бил министер 3 700 дена, а Блерим Беџети над 5 500 дена е на функции.

„Сѐ уште зборуваат за ’заштита на Албанците’. ДУИ, Албанецот го гледа само како број за глас, додека функциите како семејно наследство“,додаваат од ВЛЕН.

Од партијата тврдат дека мала група околу Али Ахмети ја има приватизирано ДУИ и ги користи активистите како „топовско месо“ за да се врати до власта.

Денеска од Демократската унија за интеграција упатија критики до градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, обвинувајќи го за узурпација на политичкиот простор.

Според соопштението на ДУИ, Меџити се обидува да се претстави како политичка промена, иако, како што велат оттаму, неговото минато говори за спротивното.

Од ДУИ велат дека неговата структура функционира врз база на семејна лојалност и крвна поврзаност, слична на мафијашки кланови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лимани е за предвремени избори: Јас и ВЛЕН одамна завршивме
Следна Статија Реконструирано одделението за управни работи на МВР во зградата на МТВ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Која е причината што Обвинителството молчи за поклонот „Ауди Q8“ од 130.000 евра за Филипче?

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат ека Јавното обвинителство (ЈО) со денови молчи и не презема никакви дејствија во однос на изнесените сомнежи…

June 15, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички, ВЛЕН веќе го подготвува оправдувањето за пораз

Бујар Османи остро реагираше на новиот бран лажни обвинувања дека ДУИ наводно има некаква коалиција со Левица, оценувајќи ги ваквите…

September 18, 2025
ПОЛИТИКА

Кој е Мирослав Лабудовиќ, кандидат на ЗНАМ за Центар: Верува во духот на маалскиот живот и во едноставно решавање на проблемите

Мирослав Лабудовиќ е кандидат за градоначалник на Општина Центар од партијата ЗНАМ – За наша Македонија. Роден во Дебар Маало,…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Томовски ги демантира обвинувањата од СДСМ

иректорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски преку објава на Фејсбук ги демантира денешните обвинувања од СДСМ.…

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?