Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Филипче: Македонија доби најмногу пари од ЕУ за Реформската агенда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Филипче: Македонија доби најмногу пари од ЕУ за Реформската агенда
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Филипче: Македонија доби најмногу пари од ЕУ за Реформската агенда

Објавено June 1, 2026 17:26
Сподели
Сподели

Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се настапи за подобрување на македонските позиции, Филипче, во стилот на Коте од Руља, ја игра улогата на главниот внатрешен предавник на македонските национални интереси и идентитетски обележја.

Бара безусловно вклучување на Бугарите во Устав, без никакви гаранции и предвидливост на европскиот пат, тврдејќи дека тие се последниот услов од источниот сосед за продолжување на преговорите со ЕУ, додека претставниците на власта во Софија јасно посочиле во свои неодамнешни изјави, дека нивните апетити за македонската историја, јазик, култура сè уште поголеми.

Филипче добро знае дека уставните измени само ќе го отворат процесот на понатамошните ултиматуми за национални и идентитетски отстапки, кои ќе доаѓаат од бугарска страна, но свесно влегува во ова предавство со кое се додворува на Бугарија, во надеж дека некој од надвор ќе го донесе на власт.

Тој филм Филипче нема да го гледа. Затоа што во Македонија на власт се доаѓа со победа на избори, не со предавство на народот и многу веројатно, народот ќе ги испрати во историјата. Граѓаните не прифаќаат уставни измени и поучени од предавството на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев, поддршка за СДС нема да дадат.

Во однос на лагите и манипулациите за Реформската агенда, главен доказ кој им ги побива овие манипулации се финансиските средства кои Европската комисија и ги додели на Македонија, токму поради напредокот во спроведувањето на реформите. Од Програмата за раст Македонија доби 65,7 милиони евра, што претставува најголема сума од земјите во регионот кои Филипче, милува да ги набројува.

Ова е јасна потврда дека Владата посветено работи на спроведувањето на реформите и потврда дека Македонија најмногу напредува во Реформската агенда од сите земји во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во 19 часот Охрид ќе гори, ракометарите на плоштадот ќе ја прослават титулата
Следна Статија Му здосади на Тајланд: Вицепремиерот Фетаи си поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби

Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби,…

December 22, 2024
ПОЛИТИКА

Распишани повторените локални избори во четири општини – ќе се гласа на 11 јануари

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска го потпиша актот за одржување на повторени избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште,…

November 17, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бијар Османи денеска изјави дека од…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши: Законот овозможува владејачкото мнозинство да ја укине „техничката“ влада, но подобро е да се постигне договор

За да се укине „техничката“ влада, најдобро е претходно да се постигне консензус меѓу сите и затоа треба да се…

January 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?