Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петар Богојески ќе предава на Воената академија во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петар Богојески ќе предава на Воената академија во Скопје
ПОЛИТИКА

Петар Богојески ќе предава на Воената академија во Скопје

Објавено June 27, 2025 18:11
Сподели
Сподели

Неколку дена откако објави дека го напушта директорското место во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, за сметка на негова прераспределба на нова позиција, претседателот на партијата Македонски концепт, Петар Богојески, соопшти дека е избран да биде дел од наставниот кадар на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје.


„Со особено задоволство и почит ве известувам дека бев избран во наставно-научно звање од страна на Наставно-научниот совет на Воена академија – Скопје. Со тоа и официјално сум дел од наставната фела на оваа највисоко реномирана, научна и образовна институција! Во исто време, продолжувам со научната и образовна дејност на Универзитетот за мир на Обединетите нации, Њујорк, САД. Се гледаме наскоро и во служба на народот“,пишува Богојески во објава на својот фејсбук-профил.

Пред неколку дена Богојески во објава на своите социјални мрежи соопшти дека заминува од директорската позиција на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која раководи со програмата Еразмус+, откако на средба со премиерот Христијан Мицкоски била договорена прераспределба на позиции и институции со кои ќе раководи неговата партија Македонски концепт во рамки на извршната власт.

Богојески застана на директорската позиција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во мај годинава, што предизвика низа реакции кај јавноста, но и кај Европската комисија. Од ЕК соопштија дека за именувањето на Богојески ќе бараат одговори од министерката за образование Весна Јаневска, наведувајќи дека Комисијата не била вклучена во селекцијата и номинацијата на директор на Агенцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти – велат од СДСМ
Следна Статија (ВИДЕО) Латас: Имав понуда од Данела да работам на соборување на Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 46,65 отсто

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија. Последниот одзив е…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков за Апасиев: Навредите од евро-лакомиот левичар се најдобар доказ дека вистината го боли

Ви реков дека Димче не е тоа што беше, му требаа цели два дена да напише нешто. Тоа што навредува…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

Филипче по големите реформи што ги направи во СДС, отиде да одмори за празниците токму во Дубаи кај Заев или…

December 29, 2025
ПОЛИТИКА

За малку ќе се судреле на улица: Рубин Земон од СДСМ случајно се сретнал во Софија со Виктор Стојанов

Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, реагираше на објавата фотографија помеѓу него со бугарскиот провокатор Виктор Стојанов. Тој…

May 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?