Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

„Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено September 9, 2025 09:51
Сподели
Сподели

„Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува. Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Информациите говорат дека постои Рекет 2 и дека Основното јавното обвинителство отворило предистражна постапка, но тука застанал целиот процес и предметот се ставил во фиока.

Во случајот биле опфатени поранешната претседателка на СЈО Катица Јанева и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.

Македонската јавност заслужува да знае, дали овој случај се држи во фиока затоа што се крие и штити некој од СДС и ДУИ, и дали со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста?

Исто така, јавноста заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или пак да ги штити неговите наредбодавци од СДС и ДУИ, па затоа во изминатата година дена не е поведена ниедна постапка за нивни поранешни функционери.

Коцевски и ЈО да си ги оправдаат платите кои им ги даваат граѓаните и да се фатат за работа за да ги истражат сите криминални дејствија и да донесат правда, доста држат кријат во фиоки предмети за да заштитат од кривична одговорност лица блиски до СДС и ДУИ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал
Следна Статија (ВИДЕО) Македонски туристи од Истанбул се враќаат со неисправен автобус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон СДСМ, тврдејќи дека владее „молк и паника“ во…

February 27, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Криминалната власт почна со репресијата врз функционерите на СДСМ со нарачни судски пресуди. Како што најавивме, ги поставија своите судии…

December 30, 2025
ПОЛИТИКА

Пенов или Пановски – кандидат за градоначалник на Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов и актуелниот советник во Град Скопје, епидемиологот Никола Пановски се главни фаворити за кандидат…

September 2, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Стоилковиќ отпушти седум вработени Албанци, ова е директен удар врз принципите на еднаквост

Демократската унија за интеграција изразува длабока огорченост и сериозна загриженост поради скандалозниот и политички неприфатлив потег на министерот Иван Стоилковиќ,…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?