Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство
ПОЛИТИКА

Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство

Објавено May 26, 2026 08:44
Сподели
Сподели

Со еден ваков паметен систем, државата знае каде е жртвата во истиот момент, кои се најблиските полициски службеници што може да се упатат кон жртвата, каде е најбрзата здравствена услуга којашто може да биде дадена, каде е најбрзиот социјален одговор од страна на експерти коjшто може да биде даден и така натаму, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за 360 Степени за можноста за воведување паметен систем за жртви од семејно насилство.

Во однос на обвинувањата на СДСМ, кои тврдеа дека со ваквата идеја МВР планира да инсталира шпионски софтвер, Тошковски одговара дека опозицијата има „сулуда имагинација“.

-Ако жртвите на насилство се охрабрат да побараат помош, прашање е како државата најсоодветно да одговори – рече Тошковски за идејата за воведување дигитална алатка, преку која, при повик, полицијата ќе може да го преземе аудио и видеосигналот од телефонот од којшто се јавува жртвата. Таков паметен систем, додава тој, делумно функционира и сега, оти се снима разговорот при вртење на единствениот број за итни случаи 112.

-Една од идеите коишто ги видов практично на терен во Америка беше и еден таков паметен систем којшто делумно го имаме и сега. Односно и сега кога ќе се јавите на 112, ве известуваат „почитувани, разговорот се снима“ и навистина се снима и тоа утре-другиден се користи како доказ во постапка. Е сега, освен можноста да се сними разговорот на 112, со алатки коишто се лесно достапни до безбедносните органи и до, да речам државата, од аспект на ставање во функција на еден попаметен систем, да може да се снима и видеозаписот којшто би можеле да го направиме со секој еден мобилен телефон – рече министерот.

На прашањето дали тоа не е влегување во домот, Тошковски рече дека ако жртвата е загрозена, ако жртвата е во момент на нужна потреба од страна на институциите, правото на живот е посилно од правото на приватност.

-Јас сметам лично, на крајот на денот, правото е и тоа – да утврдите поголеми права согласно нивното општествено значење во рамки на едно здраво нормално општество – додаде тој.

За тоа како би се оневозможена злоупотребата Тошковски одговори дека и денес има снимање на 112, се снима гласот, се известува граѓанинот којшто ѕвони дека се снима неговиот глас и тоа се става во одреден доказен материјал во рамки на институциите.

-Ние говориме со согласност на жртвата. Само со согласност на жртвата – нагласи министерот.

Тој повтори дека откако жртвата ќе даде согласност, институцијата (МВР) ќе ја вклучи камерата.

-Кога говориме, особено за право на живот, не можеш да го компарираш со ниедно друго право. Правото на живот не можеме, пак ќе повторам, да го компарираме со било кое друго право. Така што можноста со еден ваков паметен систем државата да знае каде е жртвата во истиот момент, кои се најблиските полициски службеници што може да се упатат кон жртвата, каде е најбрзата здравствена услуга којашто може да биде дадена, каде е најбрзиот социјален одговор од страна на експерти којшто може да биде даден и така натаму. Да говориме за еден паметен систем којшто, зошто да не, би ги вклучил невладините организации, во делот на одговорот и притоа сето тоа да биде во еден електронски систем којшто ќе треба да биде максимално респонзивен, максимално брзо респонзивен, а притоа секој еден доказ којшто го обезбедуваме веднаш да влезе во рамки на систем кој – не само МВР, и судот, и обвинителството ќе го имаат на дофат на рака – нагласи Тошковски.

Министерот потенцира дека идејата сè уште се разработува, како и дека допрва би следувале меѓуинституционална координација и евентуална јавна расправа.

Во однос на обвинувањата на СДСМ, од каде што тврдеа дека со ваквата идеја МВР планира да иснталира шпионски софтвер, Тошковски одговара дека опозицијата има „сулуда имагинација“.

– Да не употребувам некои несоодветни зборови, опозицијава што глуми дека е опозиција измислува тези коишто не заслужуваат ни одговор од аспект на пукање на балонот во насока на сеење на страв, сега, ќе се слушало, ќе се злоупотребувало и така натаму… Сакам да потенцирам дека она коешто го говореше опозицијата, ај што не е вистина, туку е една сулуда имагинација за нешто коешто они сакале или не можеле или не знам што друго, имале план или немале план да го реализираат во рамки на нивните научнофантастични филмови – нагласи министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Како тоа Амар е политиколог, а е недипломиран?“ – Кандидатот за прв човек на Скопје призна дека нема диплома

Телевизискиот дуел меѓу двајцата кандидати за градоначалници на Град Скопје предизвика бура од реакции од јавноста по сознанието дека еден…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Вчера кажавме дека…

June 21, 2025
ПОЛИТИКА

Апасиев пред лидерската: Очекувам конструктивен дијалог, остануваме на барањата за измени на Изборниот законик и една изборна единица

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска за првпат учествуваше на лидерска средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

Три мандати на СДСМ, 12 години власт во Центар – од Буњаковец и Дебар Маало направија урбана Газа во срцето на Скопје

ЕВЕ КАКО НА ДЕЛО СЕ САКА ЦЕНТАР!? 👨‍👧‍👦 Како татко, како родител, како центарец – не можам, а да не реагирам…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?