Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија

Објавено May 26, 2026 09:10
Сподели
Сподели

Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет.Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои отворено го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, историја и култура.

Виктор Стојанов е човек кој јавно промовира тези дека Македонците и Бугарите се еден народ, директно навредувајќи го достоинството на македонскиот народ и удирајќи по темелите на македонската државност.

Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија и единствен кој бара внесување на бугарите во Уставот без гаранции дека тоа е послндниот чекор за влез во ЕУ.

Единствено Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев и  покрај тоа што Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија.

Ваквите политики на сервилност и потчинување на Филипче и СДС се штетни за државата, граѓаните нема да дозволат политики на понижување, самонегирање и национално распродавање.

Државните и национални политики мора да бидат над политичките калкулации на СДС, на  Филипче и нивното криминално наследство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство
Следна Статија Американската војска одново го нападна Иран, Иранците се закануваат со одмазда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Чија е одговорноста за катастрофата со водата за пиење во Гостивар, праша Филипче

Со неколку пакети помош денеска посетивме повеќе семејства на социјално загрозени категории граѓани, постари луѓе, пензионери и тоа ќе продолжиме…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Се изготвува ново предлог законско решение за „Безбеден град“

Проектот „Безбеден град“ е еден од приоритетите на МВР, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан за почетокот…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски за средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Спасовски се брани: Никогаш не сум спречил контрола

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ги демантираше, како што вели, лагите изнесени на…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?