Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ
ПОЛИТИКА

Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ

Објавено December 17, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Опозициската СДСМ денеска соопшти дека фирма со само тројца вработени за два месеци добила тендери од Владата од 74 милиони денари или 1,2 милиони евра.

„Овие факти отвораат сериозни сомнежи за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни тендерски шеми како во досегашните објавени бомби“, рече портпаролката на партијата Богданка Кузеска.

Според податоците на партијата, фирмата „Сигмоид гроуп“ од Скопје била формирана пред две години и тендерите за ИТ опрема ги добила од Генералниот секретаријат на Владата и од СОЗР.

„Првиот договор склучен на 13 октомври 2025 со Министерството за финансии, , е вреден околу 60.000 евра. Само после два дена, има нов договор, склучен на 15.10.2025, со Генералниот секретаријат на вреден речиси милион евра (980 илјади евра).

И шест недели подоцна, на 01.12.2025, нов државен тендер, овојпат за софтвер за следење на работни процеси во СОЗР, вреден околу 76 илјади евра“, рече Кузеска.

Таа постави прашање дали „причината за добивањето на овие тендери била близината на сопственикот на фримата, извесен Ј. Јанкуловски, кој дипломирал на Машинскиот факултет, токму на насоката мехатроника и роботика, каде што Христијан Мицкоски е професор?“

Од Владата ги отфрлија ваквите наводи велејќи дека тие се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета и свесна конструкција.

„Станува збор за централизирана јавна набавка за 20 министерства со одлука на Владата. Набавката на овие системи има за цел да ја зајакне сајбер – безбедноста на институциите преку навремена идентификација на безбедносни слабости и проактивна заштита од закани.

Во текот на постапката имаше две понуди, а наведениот субјект имаше најповолна понуда. Постапката беше спроведена без никаква забелешка, ниту пак покрената жалба.

Во однос на другата спомената јавна набавка, станува збор за реално потребен софтвер за проект кој го ветивме пред граѓаните со цел зголемена транспарентност и дигитализација на институционалните процеси, односно предвидува модул за следење на договорите (нивна исполнетост и количина), модул човечки ресурси, модул увид за барања од разни институции до СОЗР, прегледност на режиски трошоци и која институција колку троши“.

Од владата додаваат дека наводите поврзани со поединци и наводни привилегии се апсолутно неточни и се во директна спротивност со фактите и достапната документација од надлежните институции. „Јавно и одговорно тврдиме дека во сите постапки не постои ниту најмал пропуст, ниту најмала неправилност“.

Со реакција се јави и ВМРО-ДПМНЕ, од каде рекоа дека фирмата „Сигмоид“ не постои две години, туку многу повеќе само го сменила името од ДОО во ДООЕЛ, а во 2019 година добила грант од ФИТР од над 1,4 милиони денари. Потоа добивала и други тендери од АЕК од 700 илјади денари, како и од Агенцијата за пошти и ДЗР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ на 7 јуни ќе одржи Конгрес – Филипче најавува нова програма и регионална „Скопска иницијатива“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека на утрешната седница на…

March 24, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Бараме итна оставка од министерот Тошковски откако наркодилерот Цуната избега

Опозициската СДСМ обвинува дека во Министерството за внатрешни работи (МВР) на чело со министерот Панче Тошковски се случува тотален распад.…

July 14, 2026
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

Коалицијата ВРЕДИ денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Механизација на „Дрисла“, оградување на „Вардариште“, нов центар за рециклажа и 15 нови паркови, најави Шукова

Скопје мора конечно да го расчисти најголемиот срам – загадениот воздух, дивите депонии и недостатокот на зеленило. Ова не е…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?