Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Албанците не прифаќаат вазали, туку самите ги избираат своите претставници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Албанците не прифаќаат вазали, туку самите ги избираат своите претставници
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците не прифаќаат вазали, туку самите ги избираат своите претставници

Објавено September 21, 2025 17:07
Сподели
Сподели

Секој ден кога повторува дека „нема да има предвремени избори“, Мицкоски всушност признава една горчлива вистина: тој е свесен за неминовниот пораз што го очекува неговиот политички проект и неговиот албански вазал, ВРЕДИ, се наведува во соопштението од ДУИ.

Во продолжение соопштението

Овој страв не е случаен. Албанците јасно разбраа дека ВРЕДИ не е нивниот избор, туку инструмент на Мицкоски за да ги држи Албанците покорени. Кандидатите на ВРЕДИ немаат никаква легитимност, затоа што се инсталирани од ВМРО и се само фасада на една антиалбанска политика што има за цел да ги врати Албанците назад, во периодите пред 2001 година.

Дури и нивните челници тоа го признаваат. Самиот Изет Меџити јавно потврди дека единственото нешто што ја држи оваа влада на нозе не е албанскиот глас, туку волјата на ВМРО. Тоа е најголемиот срам: Албанците не се претставени со својот глас, туку се држат како заложници од одлуките на Мицкоски. Поради тоа, сè што слушаме од ВРЕДИ не се ставови на Албанците, туку само повторување на зборовите на Мицкоски.

Вистината е дека Албанците никогаш нема да прифатат да бидат претставувани од такви вазали. Резултатот на локалните избори ќе биде толку јасен, толку недвосмислен, што ќе ја натера државата да се соочи со предвремени парламентарни избори. Мицкоски може десетици пати да го повторува спротивното – но гласот на Албанците на 19 октомври ќе го направи невозможно бегството од оваа реалност.

ДУИ е силата што повеќе од две децении ја гарантира еднаквоста, интеграцијата и консензуалното одлучување. Наспроти тоа, ВРЕДИ ќе остане запаметен само како експеримент на Мицкоски, привремена фасада, без визија и без народна поддршка. Да биде јасно уште еднаш: ние работиме за да го вратиме достоинството во државата, а не за да бидеме дел од власта. Немојте да се плашите!

Албанците го имаат својот глас, го имаат своето достоинство и докажаа дека не се продаваат. Албанскиот глас е слободен, суверен и одлучувачки – и тој ќе ја одреди иднината на државата.

На 19 октомври, Албанците ќе зборуваат со еден глас.
На 19 октомври, Албанците ќе покажат дека единствениот референдум е слободниот глас.
На 19 октомври, Албанците самите ќе ги изберат своите претставници.
На 19 октомври, ќе победи волјата на народот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
Следна Статија Во Зрновци поставен камен-темелник на Дом за стари лица, прв во источниот дел на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити и Вардар го претставија Мастер планот за Чаир, сеопфатна визија за модерна, функционална и урбано силно идентификувана општина

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски познатиот архитект, Бајрам Вардар, денес го претставија Мастер…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење?

Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

Советникот на Таравари со повик до членството: Народот ни го даде својот глас – да не ги разочараме, да не ја предадеме АА во туѓи прегратки

Членот на претседателството на Алијансата за Албанците и политички советник на Арбен Таравари во Министерството за здравството, Сабри Азири, се…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова- Спајиќ со предлози: Повторно воспоставување на директна авиолинија, формирање на културни центри во двете држави, одржување на меѓувладина седница

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамките на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?