Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
СВЕТ

Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава

Објавено September 21, 2025 16:57
Сподели
Сподели

Обединетото Кралство, Канада и Австралија денеска објавија дека формално ја признаваат Палестина како суверена држава.

Британскиот премиер Кир Стармер ја објави одлуката преку видео порака.

– Соочени со растечкиот терор на Блискиот Исток, дејствуваме за да ја одржиме жива можноста за мир и решение за две држави. Тоа значи безбеден и сигурен Израел покрај одржлива палестинска држава – а во моментов немаме ниту едното ниту другото, наведе Стармер, додаваќи дека моментот за признавање на палестинската државност „е дојден сега“.

Речиси истовремено, палестинската државата ја признаа и Канада и Австралија.

Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека Канада официјално ја признава dржавата Палестина и го прави тоа со меѓународни партнери за да ја зачува перспективата за решение со две држави.

– Во текот на многу децении, посветеноста на Канада кон [решение со две држави] се темелеше на очекувањето дека овој исход на крајот ќе се постигне како дел од договорено решение. Сепак, таа можност „постојано и сериозно еродира[e“ од неколку случувања, вклучувајќи го нападот предводен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, резолуцијата на израелскиот парламент со која се поддржува анексијата на окупираниот Западен Брег и ограничувањата на израелската влада за хуманитарна помош, се наведува во изјавата на Карни.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе, пак, соопшти дека Канбера им придружува на Лондот и Орава во донесувањето на оваа историска одлука.

– Австралија ги признава легитимните и долгогодишни аспирации на народот на Палестина за сопствена држава. Денешниот чин на признавање ја одразува долгогодишната посветеност на Австралија на решение со две држави, кое отсекогаш било единствениот пат кон траен мир и безбедност за израелскиот и палестинскиот народ, истакнува Албанезе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се што е почнато и заглавено ќе го одглавиме, планираме развој и нови проекти
Следна Статија ДУИ: Албанците не прифаќаат вазали, туку самите ги избираат своите претставници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Tрамп тврди дека во нападите се убиени 48 ирански лидери!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може…

March 1, 2026
МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКАСВЕТ

Билатерална средба на министерот Панче Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија,…

September 27, 2024
СВЕТ

„Сан“: Во Обединетото Кралство секој ден во просек по пет Албанци се осудуваат на казна затвор

Во истражувачка сторија на британски „Сан“ (The Sun) се наведува дека во Обединетото Кралство просечно по пет албански државјани дневно…

April 5, 2026
СВЕТ

Администрацијата на Трамп се заканува дека ќе му ја одземе акредитацијата на Харвард

Администрацијата на Трамп го ескалираше спорот со Универзитетот Харвард, велејќи дека универзитетот можеби повеќе не ги исполнува стандардите за акредитација…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?