Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни
МАКЕДОНИЈА

Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни

Објавено December 17, 2025 16:48
Сподели
Сподели

Македонскиот историчар Тодор Чепреганов вели дека денес сме доведени во една апсурна ситуација доколку се направи паралела меѓу времето на комунизмот и денешната демократија. Тој нагласува дека токму во времето на комунизмот, кое го означуваат како диктатура Македонија беше призната како држава, а сега во времето на европската демократија, вели, се соочуваме со негација од сите страни.

Проф. д-р Чепреганов ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање што можеме да научиме од антифашитичката борба во контекст на денешните предизвици, барањето за уставни измени и се останато и како да не ги повторуваме грешките, пред почетокот на денешниот научен собир „80 години од победата над фашизмот – Македонија во антифашистичката народноослободителна војна“, во организација на Социјалистичката партија на Македонија, на кој тој и други македонски историчари се осврнаа на оваа тема.

-Дојдовме до една апсурдна ситуација, во она време кои некои во наводници го сметаа дека било диктатура Македонија од непризнавање беше призната како држава, а денес во демократијата, гледаме што ни се случува, каква негација имаме од сите страни, од признавање одиме кон негирање. И сега како стојат работите, диктатурата, која ја имавме во наводници, за што јас не се согласувам, наспроти оваа демократија, која ја гледаме денеска со сите европски стандари, нас не негира, не не признаваат сеуште, а ние сме европска држава. Решението е само зачувување на достоинството на политичарите, кои ја водат целата работа, треба да опстојат на она што ги претставува македонските интереси, порача Чепреганов.

Потсети дека оваа година се навршуваат 80 години од победата над фашизмот, по повод што се одржала една изложба, а, како што рече, ова е мошне важен настан, на кој треба да му се посвети поголемо внимание, во кој учествуваа околу 60 држави и дадени беа 60 милиони жртви, со 130 милиони ранети.

-Тоа е настан којшто е без преседан во историјата и се сметаше дека е една од најголемите војни дотогаш, додаде тој.

Проф. д-р Виолета Ачкоска пред почетокот на научниот собир истакна дека за нас ова е мошне важен настан, бидејќи во текот на Втората светска војна македонскиот народ благодарение на Антифашистичката народна ослободителна борба првпат во современата историја ја создал својата држава, Демократска Федерална Македонија.

– За Македонците Народноослободителната борба беше борба во која националното секогаш доминираше над класното, иако КП беше организатор на самото тоа движење. Страшно е тоа што по ’91 година се смени европскиот идентитет. По Втората светска војна антифашизмот беше основа на европскиот идентитет, но по ’91 година тој идентитет се промени и стана антикомунизмот, така што во одредени општества и држави жртвите на комунизмот беа фашистичките соработници, тие беа прогласени за жртви на комунизмот, што беше еден апсурд. И треба да научиме од оваа војна, посебно од антихитлеровата коалиција дека секој народ кој ќе се вклучи во антифашистичката борба после војната има право на самоопределување и благодарение на Атлантската повелба на големите сили македонскиот народ го доби своето самоопределување, формирајќи ја својата современа држава во рамките на Југословенската Федерација, рече Ачкоска.

Таа додаде дека најголема придобивка и за македонскиот народ било правото на самоопределување, како основно човеково право.

-Со напуштање на антифашизмот како европски идентитет, нам ни се одрекува правото на самоопределување. Тоа го доживеавме во Обединетите нации, секојдневно го доживуваме во таа борба за промена на историјата, идентитетот и затоа можеби најголемата придобивка од антифашистичка борба е да се сочува токму тоа право на самоопределување на секој човек и на секој народ, рече Ачкоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа
Следна Статија Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Активни четири пожари: Гори во Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес

Состојба со пожарите на 05.07.2025 до 13.00 часот На територијата на државата се евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор,…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

За верниците од исламска вероисповед денес започнува Светиот месец “Рамазан“

За верниците од исламска вероисповед од денеска започнува Светиот месец – „Рамазан“, месец на пости и религиозна посветеност. Во наредните…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Европарламетот на 4ти јуни: Резолуција со која се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно кодифициран македонски јазик

За прв пат пред европратениците ќе се најде Извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот посебен македонскот идентитет…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?