Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: [ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО]: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе; Анима Мунди: „Со какви психопати сме опкружени“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > [ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО]: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе; Анима Мунди: „Со какви психопати сме опкружени“
ХРОНИКА

[ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО]: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе; Анима Мунди: „Со какви психопати сме опкружени“

Објавено November 20, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Вчера во Скопје повторно имаше насилничко однесување и малтретирање животни. Човек со стап пред очевидци и со над 20 удари по главата, безмилосно претепа бездомно куче.

А1он дојде до снимката кога кучето влегло во складиште во Момин Поток, а еден од присутните во дворот, за кој се претпоставува дека е сопственикот зема стап и безмилосно удира по кучето.

Според сознанија на А1он, еден од присутните го пријавил настанот во полиција. Од МВР потврдија дека сторителот е приведен и задржан во полициска станица.

Вознемирувачката снимка можете да ја погледнтете ТУКА.

Кучето по ваквата агресија и малтретирање било однесено во ветеринарна станица и сè уште е незивесно дали ќе преживее, со оглед на тоа што повредите на главата се сериозни.

Анима Мунди: Куче над 20 пати ѕверски удирано по глава од вработен во фирма во Момин Поток

„Страотен облик на суровост и изживување врз мирно бездомно животно во фирма во Момин Поток – куче над 20 пати зверски удирано по глава од вработен! Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано со дебело дрво, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; случај кој ќе останеше невиден доколку не беше евидентиран на камерите за видео надзор“, велат од Анима Мунди.

„Со какви психопати сме опкружени, доколку од 5 лица, ниту еден во ова ѕверство не препознава екстремна суровост, инстинктивно не се обидува да интервенира и го сопре?

Како и во секоја нормална држава бараме итно процесирање на кривична постапка и најстрога, тригодишна казна затвор за сторителот.

Три години затвор без исклучок зошто ваква омраза и суровост може да направи само девијантно и крајно опасно, садистичко битие, психопат без контрола и без грам емпатија кон послабите.

Колку за илустрација, во Англија би бил осуден на петгодишна затворска казна, а во Грција за вакво мачење се предвидува и до 10 години затвор и глоби до 15 000 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сведокот Османи: Забележав вдлабнатина на возачката врата од возилото со кое дојде Палчо
Следна Статија Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав оти знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жена го пријавила сопругот и неговите родители за насилство

На 10.01.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека во скопско село била физички нападната од нејзиниот…

January 11, 2025
ХРОНИКА

Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и…

October 19, 2025
ХРОНИКА

Малолетен возач и двегодишно девојче меѓу повредените во сообраќајна несреќа

Вчера во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се…

November 11, 2025
ХРОНИКА

Се трага по 19-годишна скопјанка

На 17.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.У.(38) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?