Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 %
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 %
ЕКОНОМИЈА

Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 %

Објавено June 10, 2025 19:55
Сподели
Сподели

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска на прес-конференција.

Зголемените контроли на увозите на автомобили, и предкривичните истраги за сторени кривични дела со употребувани возила што резултираше со 41 кривична пријава поднесена од страна на Секторот за контрола и истраги, и тоа само годинава, вели директорот Николовски, го дадоа својот ефект преку зголемен пријавен увоз на возила и зголемена наплата на приходи по овој основ.

Николовски потенцира дека исти се и причините за раст на приходите и на кумулативно ниво.

„Од почетокот на годинава заклучно мај, наплатени се приходи од 847,6 милиони евра, или 38,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на приходите има од зголемен пријавен увоз на тутунски производи при што наплатени се вкупно 70 милиони евра само по овој основ, или 11 милиони евра повеќе од лани како и од зголемен пријавен увоз на возила при што наплатени се приходи од 82 милиони евра што е за 8,5 милиони евра повеќе од лани“, истакна Николовски.

Поголемата ефикасност и професионалност на Царинската управа, вели, е повеќе од видлива. Нагласи дека ваквите успешни резултати значат побезбедно општество, и значат повеќе пари во Буџетот за нови училишта, нови градинки, нови болници, автопати, повисоки плати и пензии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ја нападнал сопругата, а полицијата дома му пронашла цел арсенал на оружје
Следна Статија (ФОТО) Поради убавата Ембла ќе ја засакате атлетиката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Идната недела ќе се одржи состанокот со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски очекува идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој ќе настојува…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Опколен од милијардери во Давос, Трамп планира да објасни како ќе ја направи станбената дејност поостварлива

Претседателот Доналд Трамп планира да употреби клучен говор за да ги убеди Американците дека може да ги направи становите достапни,…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 компании, очекуваме нова инвестиција од над 300 милиони евра

На денешното емитување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на…

December 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ со препорака: Дома секогаш чувајте одредена сумa готовина

Европската централна банка (ЕЦБ) им препорачува на граѓаните секогаш да имаат одредена сума готовина во своите домови, бидејќи во кризни…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?