Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Центар Жупа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Центар Жупа
МАКЕДОНИЈА

Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Центар Жупа

Објавено October 30, 2025 20:58
Сподели
Сподели

Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се спроведе нова изборна постапка за избор на градоначалници. Гласањето, согласно Изборниот Законик, нема да се одржи во недела, туку во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025.

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.

Во Гостивар одзивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.

Согласно Член 132 став (2) од Изборниот законик, доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.

Следствено, Член 132-а вели дека повторените избори од членот 132 став (2) за соодветната општина се одржуваат во рок најдоцна 60 дена по објавување на конечните резултати, при што нема да се применува условот предвиден во членот 132 став (1) од овој законик што се однесува на излезноста од една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

Така, целиот прв круг за овие општини ќе се повтори, а новата изборна постапка ќе започне во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Вториот изборен круг за Локалните избори 2025 е закажан за в недела, кога ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.

Во првиот изборен круг од Локалните избори 2025 беше извршен избор на градоначалник во 44 општини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Силјановска – Давкова на свечена вечера приредена од Макрон за високите гости на Парискиот мировен форум
Следна Статија Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Очекуваме до следната година Македонија да добие бесплатен роаминг во ЕУ

До крајот на годината Македонија треба да ги заврши обврските кон ЕУ со кои ќе се укине роаминг за македонските…

October 22, 2025
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Арсовска не ги ферма советниците, повторно не се појави на советнички прашања

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Вака изгледа патувањето по новиот пат Дреново-Фариш

Вчера беше пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, со кој се намалува патувањето од Скопје до Битола и…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да се надминат меѓусебните делби и да се обединиме: Сиљановска Давкова го честита 11 Октомври

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. 11 Октомври е…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?