Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработени во ИЈЗ со години не доаѓале на работа, а земале плата- колеги ги отчукувале, а за тоа добивале пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вработени во ИЈЗ со години не доаѓале на работа, а земале плата- колеги ги отчукувале, а за тоа добивале пари
МАКЕДОНИЈА

Вработени во ИЈЗ со години не доаѓале на работа, а земале плата- колеги ги отчукувале, а за тоа добивале пари

Објавено June 3, 2026 18:54
Сподели
Сподели

По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата.

-И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата – рече Андоновска.

Кога дошла на директорската позиција, со нејзиниот тим констатирале дека нема реагенси и немало евиденција за реагенси.

-Дел од луѓето примале плата, а не доаѓале на работа, колеги ги евидентирале дека доаѓаат на работно место, а тие за возврат им давале пари – посочи Андоновска.

Некои лица биле примени на работа без административен испит, а исто така констатирале и неправилни унапредување и исплаќање додатоци. Несоодветен начин имало за наградување на вработените, се набавувала непотребна медицинска опрема. Се набавувале апарати што веќе ги имаат, наместо нешто што недостасува. Фармацевтски техничар извршувал услуги на медицинска сестра или лаборант, со што здравствените услуги биле ставени под знак прашалник.

Андоновска информираше дека пред таа да дојде на чело на ИЈЗ, се случувало да се склучи договор на дело со веќе вработени лица. Се издавал простор сопственост на ИЈЗ на пекарница, нешто што, подвлече таа, било спротивно на Законот. Се правеле јавни набавки што не биле предвидени во годишниот план.

На новинарско прашање, Андоновска одговори дека од 44 до 88 илјади денари се добивало плус на платата на едно вработено лице за архивска граѓа – како на пример, чистење двор.

Андоновска сепак истакна дека дел од вработените во Институтот за јавно здравје си ја вршеле чесно и професионално работата, па апелираше сите вработени да не се ставаат во ист кош.

Таа увери дека најголем дел од работите што се случувале во Институтот, сега се надминати, пренесе МИА.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Богоев спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје, се одлучува по барањето за притвор
Следна Статија Филипче: Сите ќе јадеме корења, а претставници од Владата со владин авион ќе одат на море

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар на повеќе локации кај Смилковско езеро, Стефковски очекува прекин на електричната енергија

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва објави дека има пожар кај Смилковското езеро. -Вечерва на повеќе локации е…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски ги демaнтира шпекулациите: Во Македонија нема да се градат мигрантски кампови

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово за Радио Лидер ги демантираше шпекулациите кои се шират по опозициските медиуми…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

ОН ѝ пресуди на Бугарија: Неосновано ја блокирала регистрацијата на Македонци

Комитетот за човекови права при Обединетите нации утврди дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување, откако домашните судови…

April 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Загрижен сум од нивото на култура на Трендафилов

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е загрижен од нивото на култура на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој вчера упати…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?