Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВРЕДИ: Каде исчезнаа 7 милиони евра од швајцарската донација за водоснабдувањето во Гостивар?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВРЕДИ: Каде исчезнаа 7 милиони евра од швајцарската донација за водоснабдувањето во Гостивар?
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Каде исчезнаа 7 милиони евра од швајцарската донација за водоснабдувањето во Гостивар?

Објавено July 23, 2026 11:15
Сподели
Сподели

Коалицијата ВРЕДИ упати серија обвинувања кон Арбен Таравари, тврдејќи дека неговите сегашни изјави се во спротивност со ветувањата што ги давал додека бил на чело на Општина Гостивар.

Од ВРЕДИ посочуваат дека Таравари во минатото ја обвинувал тогашната власт за негрижа и за проблемите со водоснабдувањето, додека денес, според нив, тврди дека го решил проблемот со водата во Гостивар „за наредните 100 години“.

Коалицијата наведува дека не се реализирале ниту најавените два големи резервоари за вода, кои, како што велат, биле ветени во 2022 година со финансиска поддршка од Швајцарија.

„Каде исчезнаа 7 милиони евра помош од Швајцарија?“ прашуваат од ВРЕДИ, додавајќи дека граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и отчетност.

Во соопштението тие оценуваат дека граѓаните немаат потреба од оправдувања, туку од безбедна вода за пиење и институции што ќе функционираат ефикасно.

ВРЕДИ бара целосна одговорност од сите функционери кои, според нив, потфрлиле во заштитата на јавното здравје и инсистира целата вистина за случајот да биде целосно разјаснета. Коалицијата додава дека Арбен Таравари треба да одговори пред граѓаните со истите стандарди што, како што велат, претходно ги барал од своите политички противници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да не побарале амбасадорите Ахмети никогаш немало да го истакне државното знаме
Следна Статија Родри во Реал!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена, а промената во Центар е неизбежна

Според кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, Центарци јасно ја покажале насоката во која сакаат да…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчкоски: Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски!

„Во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката влегува уште една алка, уште една институција, Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски го…

March 18, 2026
ПОЛИТИКА

Костадинов: СДСМ Струмица уште пред избори се позиционира како идна опозиција

СДСМ Струмица уште пред избори се позиционира како идната опозиција, коментира Костадин Костадинов, кого матичната партија СДСМ не го кандидираше…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?