Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

Објавено May 10, 2026 10:44
Сподели
Сподели

Коалицијата ВРЕДИ синоќа на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект.

Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир Изет Меџити во изјава за медиуми истакна дека во албанскиот кампус имало монопол подолг период, гласачите барале промени и така се родила коалицијата ВРЕДИ.

-Гласачите бараа промени уште пред десетина години, но проблемот беше кај опозицијата. Ние тоа го прочитавме добро и се договоривме да се споиме како коалиција ВРЕДИ и од тој момент од опозиција, сега сме позиција и ги претставуваме Албанците во  Македонија. По спектакуларната победа на локалните избори, каде победивме во 70 отсто од албанските општини, ние работевме, дебатиравме за сите модели и на крајот одлучивме дека ова е најдобриот модел за ВРЕДИ, рече Меџити.

Ко-претседателот и градоначалник на Тетово Билал Касами истакна дека  за првпат пет политички партии и неколку организации се соединуваат во еден субјект во една политичка партија. Рече дека ВРЕДИ не е само сојуз на партии, туку друга култура на креирање политики.

-ВРЕДИ треба да стане уште една албанска политичка култура. Помирна, посериозна, поинституционална и поодговорна кон граѓанинот. Не ни е потребна политика што живее од кавги. На Албанците им е потребна политика што гради, планира и размислува надвор од мандатот. Затоа, важно е да кажеме и што претставуваме. Ние сме партија од десниот центар. И не го кажуваме ова како нешто што звучи добро на хартија. Го кажуваме затоа што веруваме во некои многу јасни вредности – рече тој.

Косовскиот премиер Албин Курти кој беше гостин на Конгресот во своето обраќање кажа дека овој Конгрес има единствена симболика токму затоа што се одржува на 9 мај, на Денот на Европа.

-Тоа е потсетник дека модерна Европа е изградена врз урнатините на фашизмот, супремацијата и војните. ЕУ е родена како проект на мир преку антифашизам и просперитет преку демократија. Ова е од особено значење за Балканот, рече тој.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во кафуле во Хрватска: Го убил шефот на полицијата, а потоа пукал во себе
Следна Статија Даниловски: Не ни треба интернет фантазија за епидемија од хантавирусот, ни треба дератизација!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шекеринска тврди дека не ургирала за возачот кој ја усмрти Фросина

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска преку објава на Фејсбук ги демантира наводите што изминатите денови беа пласирани во јавноста…

February 2, 2025
ПОЛИТИКА

Едноцифрените рејтинзи на СДСМ, ДУИ и Левица го блокираат Изборниот законик

Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го…

July 10, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

Ги отфрлам овие неосновани обвинувања и апелирам СДСМ да не профитира политички на оваа ужасна трагедија, изјави денеска премиерот Христијан…

June 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Дали со Британија е договорено отворање мигрантски кампови во Македонија

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да одговори дали за време на посетата…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?