Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Газдата на Пинк отвори дигитална редакција без новинари, ќе се шири и во Македонија (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Газдата на Пинк отвори дигитална редакција без новинари, ќе се шири и во Македонија (ФОТО)
БАЛКАН

Газдата на Пинк отвори дигитална редакција без новинари, ќе се шири и во Македонија (ФОТО)

Објавено March 15, 2026 14:44
Сподели
Сподели

Жељко Митровиќ, сопственик и директор на Пинк Медиа Груп, претстави нова дигитална редакција која користи 1.200 роботи со вградени вештачки личности. Проектот, опишан како „најголемата дигитална редакција на планетата“, беше развиен повеќе од една година со вклучување на тим дигитални експерти и новинари. Според Митровиќ, роботите се развиени преку машинско учење, а нивната цел е да функционираат како совршени новинари кои не користат боледување и не се ангажирани на социјалните мрежи во текот на работното време.

„Повеќе од една година, неверојатен тим дигитални експерти и новинари работеше на развој на најголемата дигитална редакција на планетата! Вградивме човечки личности во над 1.200 роботи користејќи машинско учење! Значи, тие сега ги претставуваат совршените новинари кои не земаат боледувања, кои не смислуваат интриги и кои не се на социјалните медиуми цел ден!“, изјави Митровиќ. Како дел од проектот, беа лансирани десет нови портали, од кои првите (Press.rs, Hronika Magazin и Sport Magazin) се достапни за корисниците, додека другите ќе бидат презентирани во наредните денови.

Ссистемот ќе се развива и во други земји, со прилагодени теми и на различни јазици. Митровиќ истакна дека дигиталната редакција овозможува автоматско генерирање на повеќе од 1.000 вести дневно, што би можело да претставува пресвртница во начинот на кој се произведуваат и дистрибуираат информациите.

„Денес ги објавувам првите 10 најмоќни и најбрзи портали во нашата земја, кои објавуваат не помалку од 1000 вести дневно! Штом завршиме со Србија, ќе го развиваме системот во стотици други земји, се разбира, со нивните теми и на нивните јазици!“, рече Митровиќ. Според достапните информации, дигиталната редакција на Жељко Митровиќ би можела да го означи почетокот на нова ера на новинарството, во која вештачката интелигенција игра клучна улога во процесот на креирање вести, а „живите“ новинари конечно можат да се вклучат во вистинско, оригинално, истражувачко новинарство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српскиот пасош станува се поактрактивен за Македонците
Следна Статија Вечерва финале на Индијан Велс, Синер-Медведев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“ – нов систем за противвоздушна одбрана

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  официјално го инаугурираше интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на Турција, познат како „Челична купола“. На…

August 28, 2025
БАЛКАН

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Два земјотреси со јачина од 5 и 4,9 степени беа регистрирани утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и…

February 18, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Словенечки политичар се искачи на покривот на Собранието, се закани со самоубиство

Словенечкиот опозициски пратеник Андреј Хојвик денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана, обраќајќи им се на минувачите…

May 16, 2025
БАЛКАН

Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, соопшти дека неофицијално добил информации за 20 загинати лица во поплавите и одроните…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?