Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини
БАЛКАН

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Објавено February 18, 2025 20:06
Сподели
Сподели

Два земјотреси со јачина од 5 и 4,9 степени беа регистрирани утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, во рамките на серијата земјотреси од изминатите најмалку три седмици, јави дописничката на МИА од Атина.

Двата земјотреси беа во период од нешто помалку од час и половина, најсилниот беше во 6.46 часот, на кој му претходеше еден од 4,5 степени, додека кусо по 8 часот утрово беше регистриран уште еден, од 4.9 степени според Рихтер.

Најсилниот земјотрес во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина од 5,3 степени според Рихтер.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 15 февруари, биле регистрирани над 20.000 земјотреси, од кои над 17.400 биле посилни од 1 степен.

Поради сеизмичка активност, училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи и оваа седмица, трета по ред, се затворени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лавров: САД почнуваат подобро да ја сфаќаат позицијата на Русија
Следна Статија Судот го потврди обвинението против наводните убијци на малата Данка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Ратко Младиќ останува зад решетки

Судот на Обединетите нации за воени злосторства го одби барањето за предвремено ослободување на Ратко Младиќ, поранешниот командант на босанските…

May 15, 2026
БАЛКАН

Бугарија оди на нови избори

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска официјално потврди дека земјата оди на нови предвремени парламентарни избори, откако и третиот обид за…

January 16, 2026
БАЛКАН

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на…

June 30, 2025
БАЛКАН

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

Руската служба за надворешно разузнавање -СВР, објави дека протестите во Србија во голема мера се поврзани со субверзивните активности на…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?