Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија
БАЛКАН

Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија

Објавено May 12, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама води на парламентарните избори, по отворањето на првите гласачки кутии, објавува утрово „Албански пост“, повикувајќи се на податоците објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), кои се однесуваат на првите 1.038 гласачки кутии отворени низ цела Албанија, од вкупно 5.225.

Според податоците објавени од ЦИК, Социјалистичката партија успеа да добие 53,26 проценти од гласовите на вчерашните избори.

Според проекциите на албанскиот весник, Социјалистичката партија најверојатно е на пат кон својот четврти мандат, со оглед на тоа што убедливо води и има предност во поголемиот дел од окрузите во земјата, откако беа отворени првите гласачки кутии.

Премиерот Рама се огласи на социјалните мрежи рано изутрина, објавувајќи фотографија од розовото партиско седиште со симболичната порака: „Каква зора е денес“, придружена со бројот 5 – изборниот број на партијата.

Од друга страна, коалицијата предводена од Демократската партија (ДП) освои 50 мандати, што е за 13 помалку од претходните избори.

Лидерот на ДП, Сали Бериша, на прес-конференција нешто пред полноќ, не прецизираше дали ќе го признае изборниот резултат, тврдејќи дека „силеџиите од Драч“ се обидуваат да го фалсификуваат исходот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа
Следна Статија САД, по трговските преговори, велат дека е постигнат „договор“ со Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Автобус од БиХ се преврте во Хрватска, има загинати и повредени

Страшна несреќа се случила ноќеска околу 3 часот во Хрватска, откако автобус од БиХ се превртел на патот. Несреќата се…

May 4, 2025
БАЛКАН

Бугарското МНР: Ќе се врши истрага околу дипломатската нота за семејството на Мицкоски

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека заштитата на дипломатската комуникација е прашање од исклучителна важност и дека ги…

June 26, 2026
БАЛКАН

Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони

Архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти, подобрување на сообраќајната инфраструктура и организирањето на сообраќајот, зголемување на капацитетот и квалитетот…

February 5, 2026
БАЛКАН

Колку чини сместување во Грција оваа сезона?

Без разлика дали планирате да престојувате во луксузен хотел, апартман или камп, дознајте што да очекувате од цените за сместување…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?