Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа
СПОРТ

Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа

Објавено May 12, 2025 08:35
Сподели
Сподели

По натпреварот со Литванија и пласманот на ЕП селекторот Кирил Лазаров даде коментар на одиграното и им честита на сите играчи за постигнатото.

„Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Дојде јавноста, не поддржи по победата со 19 гола разлика. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026. Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, покажаа карактер. Имавме екстра-квалитетен меч, знаевме што сакаме. Секоја чест за целиот тим. Сега ќе играме со најдобрите во Европа“, изјави Лазаров.

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство.

„Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за поддршката. Пласманот на ова Европско првенство многу ни значи. На Македонија таму ѝ е местото. Покажавме дека оваа екипа има квалитет и ветува многу за во иднина. Го покажавме тоа на Светското првенство, дека растеме како екипа и тим по долго време. Не издвојуваме поединци, туку сме заедно. Никого не го потценивме во нашата група, Литванија е одлична, но како што кажав пред последните два меча, сакаме две победи и успеавме да дојдеме до нив. Мечот го почнавме тешко, се почувствува замор затоа што е крај на сезоната. Можеби сме во добра форма, но чувствуваме замор. Ама кога играме за Македонија, имаме посебна енергија. Благодарност до целиот тим, одиме заедно на Европското првенство. Лично, се трудам да бидам пример затоа што сум капитен. Младите играчи треба да учат, како што ние учевме од Лазаров, Миркуловски, Мојсовски, Стоилов… Така тука сега има искусни играчи, мора да бидеме прав пример за сите, секогаш да бидеме на ниво и да играме во висок ритам.“

Ждрепката за групната фаза на Европскиот шампионат е на 15 мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почнува Самитот Македонија 2025 – во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција
Следна Статија Социјалистите на Еди Рама во убедливо водство на изборите во Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Panorama All Seasons Adventure домаќин на Krushevo MTB Challenge

Од 16 до 18 мај, најголемиот адреналински парк во Македонија ќе биде домаќин на маратонот за планински велосипедизам Krushevo MTB…

May 11, 2025
СПОРТ

Оклахома со „брејк“ се враќа од Денвер (ВИДЕО)

Тимот на Денвер Нагетс загуби од Оклахома Сити Тандер со 87-92 во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во…

May 12, 2025
СПОРТ

Мукаетов: Оставаме светол сигнал на патот за идните млади ракометни генерации

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, пред денешниот натпревар со Гвинеја во 3. коло од Д-групата на Светското…

January 19, 2025
СПОРТ

Анисимова се разголи (ФОТО)

Американската тенисерка Аманда Анисимова, која ја победи Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон реши да се одмори. Таа по елиминацијат…

July 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?