Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува Самитот Македонија 2025 – во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува Самитот Македонија 2025 – во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција
МАКЕДОНИЈА

Почнува Самитот Македонија 2025 – во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција

Објавено May 12, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на Самитoт „Македонија 2025“, што ќе почне денеска во Скопје.

Економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави, ќе говорат на панел дискусиите на Самитот, на кој се очекува да присуствуваат околу 550 гости. Официјалниот дел на самитот  ќе го отворат Виктор Мизо, претседавач на Одборот на директори на Македонија 2025 и Никица Мојсоска Блажески, извршна директорка на Македонија 2025.

Главните теми на Самитот ќе бидат обработени во 14 панел сесии на кои ќе учествуваат 36 врвни говорници од Македонија и светот. Фокусот ќе биде ставен на потребата од забрзан економски раст и моделите како тој да се оствари, како и на дигиталната трансформација, иновациите, привлекувањето странски инвестиции и борбата против корупцијата. На панелите и преку интервјуа со глобални и домашни лидери, ќе се дискутираат конкретни решенија и добри меѓународни практики за конкурентна, одржлива и поврзана Македонија.

Во рамки на Самитот, ќе се организираат и пет лидерски средби, два настани за вмрежување и осум засебни обуки и работилници за компании, млади таленти и владини институции. На овие настани ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 15-ти мај.

„Надвор од политиката: Економската визија и лидерското патување на премиерот Христијан Мицкоски“ е насловен првиот панел на кој ќе говори македонскиот премиер. 

Поранешниот премиер на Грузија Ник Гилаури е најавен дека ќе говори на панел дискусијата „Економски пресврт преку болни реформи“, чиј модератор ќе биде Мајк Зафировски, додека поранешниот министер за финансии на Полска Тадеуш Кошчински ќе говори на темата „Различни патишта, една дестинација: Стратегии за економски раст“. На овој панел е најавен и поранешниот американски амбасадор во земјава Филип Рикер. 

На тема „Трговија, талент и иднина на глобалните економски партнерства“ ќе говори амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во земјава, Абдула Али Атик Обеид АлСубуси.

Македонскиот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски е најавен на панелот „Дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината“, каде што ќе говори и Матијас Дауб, основач на „Сосиетек“.

Учесниците ќе дискутираат и на теми за децентрализација на моќта – иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, потоа за редефинирање на стратегии за странски директни инвестиции – усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, ќе се дискутира и за образование на иднината – обликување лидери, мислители и иноватори.

Еден дел од самиот ќе биде посветен и на вештачката интелигенција преку панел-дискусиите: „Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат: Инспиративен разговор со Дао Џенсен“, „Револуција на вештачката интелигенција: Како технологијата ги преобликува традиционалните индустрии“, „Нова ера: Како вештачката интелигенција го редефинира нашиот свет“.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се очекува да има обраќање на затворање на Самитот Македонија 2025.

Во рамки на Самитот ќе бидат доделени награди за академска извонредност на Фондацијата Атанас Близнакоф. 

Самитот на Македонија2025 е регионален настан со најдолга традиција чија цел е размена на искуства и нови трендови, вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората, како и инспирирање на промени во Југоисточна Европа.

Повеќе информации за Самитот се достапни на веб-страница на Македонија2025: https://macedonia2025.com/summit-2025/.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спектакуларно Ел класико со 7 гола: Барса го нокаутира Реал (ВИДЕО)
Следна Статија Лазаров: Ни следат нови мечеви со најдобрите во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, изјави дека градоначалничката на Скопје,…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Велковски: Има злоупотреби во системот за социјална помош

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри дека има злоупотреби во системот…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Mицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на центарот на Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски беа во обиколка на главниот град. -Вечерна обиколка на…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?