Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем број Македонци присуствуваа во Корча на првата Литургија одржана од г. Јован како поглавар на албанската црква
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Голем број Македонци присуствуваа во Корча на првата Литургија одржана од г. Јован како поглавар на албанската црква
БАЛКАН

Голем број Македонци присуствуваа во Корча на првата Литургија одржана од г. Јован како поглавар на албанската црква

Објавено March 24, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Голем број Македонци од округот Корча присуствувале на Светата Божествена Литургија во црквата “Воскресение Христово” во Корча, прва одржана од новиот поглавар на албанската црква г. Јован.

Меѓу нив бил и свештеникот од Пустец Алексо Темелко и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

-Особено задоволство беше, заедно со отец Темелко и голем број Македонци, да присуствувам на литургијата во црквата „Воскресение Христово“ во Корча, на првата литургија како Архиепископ на Неговото Блаженство, Јован, избраниот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија. Бакнувајќи му рака му посакав успех во неговата нова должност, објави Стерјовски на Фејсбук.

Поглаварот г.Јован 27 години беше прв човек на митрополијата во Корча и со претставниците на партијата имаа добри односи, соработка и меѓусебна почит, што ја негуваше и кон сите Македонци.

-Архиепископ Јован даде исклучителен придонес како Митрополит на Корча за православната вера, за македонската заедница во областа на Корча и за почитувањето на богослужбата на македонски јазик во Корчанската митрополија. Историски и духовен момент што не се заборава, напиша Стерјовски.

Под закрила на Митрополијата во Корча е и областа Мала Преспа, населена со Македонци, кои во голем број ги има и во Корча и други населени места во овој округ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
Следна Статија Протест во Тетово: „Ги броиме жртвите во трагедиите, а одговорност нула“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

casinoБАЛКАН

Вака изгледа нуклеарниот бункер на Тито

Бункерот на Тито е сместен во ридовите на Коњич во Федерацијата БиХ (Босна и Херцеговина), познат и како ARK D-0,…

April 30, 2026
БАЛКАН

Собранието на Република Српска синоќа ги усвои Предлогот за нов Устав на РС и Законот за заштита на уставниот поредок на РС

Пратениците на Народното собрание на Република Српска (РСС) синоќа го усвоија Нацртот на новиот Устав на РС, според кој овој…

March 14, 2025
БАЛКАН

Три земјотреси во Србија за еден и пол час

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Гоља, во областа Сјеница, непосредно пред 14:45 часот. Околу…

September 5, 2025
БАЛКАН

„Ако умреме, нека умреме заедно“: Жената на српскиот патник од „Рајанер“ ја раскажува драмата во авионот

Жената која го спаси својот сопруг од целосно извлекување од авион на „Рајанер“ на средина од летот, рече дека додека…

July 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?