Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање
БАЛКАН

Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

Објавено November 18, 2025 10:17
Сподели
Сподели

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во облакодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе од катовите и покривната конструкција, поради што во гаснењето се вклучени голем број пожарникари и механизација.

Причината за пожарот засега не е позната, а гаснењето и санирањето на последиците се очекува да трае цел ден, јавуваат хрватските медиуми.

Пожарот почна од покривот и брзо се прошири на средниот дел на зградата и долните катови. Новинарот Крешо Воларевиќ од ХРТ јави дека огнот се однесува невообичаено.

– На моменти изгледа дека сè е изгаснато, а потоа нагло избувнува, делови од фасадата паѓаат – јави ХРТ.

На терен се стотина пожарникари со 30 возила.

 

Командантот на Јавната противпожарна единица на Град Загреб, Синиша Јембрих, за Хрватското радио ја објасни сложеноста на ситуацијата. По дојавата, пожарникарите се искачиле на врвот, почнале да гаснат, но набрзо забележале дека гори и под нив, што е исклучително опасно.

– Тоа може да покаже дека дошло до некоја катастрофална грешка, односно нешто во инсталациите, така што тие инсталации всушност го предизвикале пожарот по целата вертикала на зградата, што е исклучително опасно – појасни Јембрих.

Тој додаде дека поради опасноста, пожарникарите морале да се повлечат и да го гаснат огнот однадвор, што е помалку ефикасно, но неопходно. Во моментов, гасењето се одвива само од надворешни позиции поради паѓањето настакло и на делови од фасадата.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, кој утрово пристигна пред зградата, потврди дека штетата е „тотална“.

– Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси однатре и однадвор. Не се знае која е причината, постојат некои сомнежи, но увидот ќе го утврди тоа. Најбитно е дека нема човечки жртви и опасност за граѓаните – рече Томашевиќ.

Тој додаде дека мнозински сопственик на зградата е државата, а статичарите ќе треба да проценат дали конструкцијата е за рушење или ќе се оди на обнова.

Синиша Јембрих потврди дека нема опасност од уривање на објектот, иако станува збор за еден од симболите на градот Загреб.

Управата за цивилна заштита информираше дека пожарот се прегледува со термокамера, а на местото на настанот е повикан статичар кој ќе ја процени состојбата на конструкцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ни доаѓа голем празник – Архангел Михаил ќе ви ги оствари желбите, но мора да исполните еден услов
Следна Статија Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Maкедонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.…

May 3, 2025
БАЛКАН

Еден од ранетите во Цетиње се уште во критична состојба, има прострелна рана на главата

Еден од четворицата пациенти ранети пред два дена во Цетиње сè уште е во многу критична состојба, со неизвесен исход,…

January 3, 2025
БАЛКАН

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување…

February 21, 2025
БАЛКАН

Братот на Мило Ѓукановиќ имал таен премин од својот стан до трезорот во банката во која е сопствник

Ацо Ѓукановиќ, брат на Мило кој беше уапсен за нелегално поседување оружје и муниција, во моментов нема функционален премин од…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?