Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Maкедонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Maкедонија
МАКЕДОНИЈА

Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Maкедонија

Објавено November 18, 2025 11:49
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, вечер ќе престојува во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.

Според најавите, Вадефул ќе оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак, ќе се одржи билатерална средба на двете делегации.

Вадефул ја почна тридневната турнеја во неделата од Сараево, а вчера беше во посета на Белград каде што оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, како и со претставници на граѓанското општество.

Вадефул претходно ги посети и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Во Црна Гора разговараше со премиерот Милојко Спајиќ и министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ. Во Албанија, вчера попладне, се сретна со министерката за надворешни работи Елиса Спиропали и со шефот на Специјалното државно обвинителство за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам.

Шефот на германската дипломатија во Скопје доаѓа од Приштина каде што се сретна со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германски војници во мисијата КФОР.

Германското Министерство за надворешни работи во соопштение наведе дека Берлин останува целосно посветен на европската перспектива на Западен Балкан и дека тоа го потврдува турнејата на Вадефул.

Фокусот на посетата, како што е наведено, ќе биде напредокот и предизвиците во процесот на проширување на ЕУ, а меѓу темите на дискусија ќе бидат реформите и регионалната стабилност и соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање
Следна Статија Македонија вечерва во Велс игра за историја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски се обрати на панел на тема демографски предизвици

Вицепремиерот Александар Николоски денеска се обрати на министерски панел на тема „International and Regional Cooperation for Demographic Resilience“ кадешто зборуваваше…

May 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Се надевам дека најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден

Претседателката на државава Гордана Сиљановска – Давкова го честиташе Божиќ од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во изјава…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Во Кичево победи Јовановски

Во Кичево победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Јовановски, изјави вечерва потпретседталот на партијата Тимчо Муцунски. Инаку, вечерва во Кичево…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?