Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Света архиерејска литургија во „Стоби“ на 31 мај во чест на Првиот вселенски собор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Света архиерејска литургија во „Стоби“ на 31 мај во чест на Првиот вселенски собор
МАКЕДОНИЈА

Света архиерејска литургија во „Стоби“ на 31 мај во чест на Првиот вселенски собор

Објавено May 28, 2025 19:11
Сподели
Сподели

Годинава се навршуваат илјада и седумстотини години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи.

Присуството на македонски епископи на овој Собор е историски показател за длабоките корени на христијанството во Македонија, односно за тоа дека во тој период, на нашиве простори веќе постоел организиран христијански живот со добро раководена Црква и црковна заедница. Токму заради тоа, во сабота, на 31. 5. 2025 г. денот спроти Неделата на светите отци од Првиот вселенски собор, во Археолошкиот локалитет „Стоби“ ќе се отслужи Света Божествена Литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе македонски архијереи и со бројно свештенство.

Ги повикуваме сите православни верници од нашата Татковина Македонија да го збогатат со своето присуство овој светол и свечен настан, со што во заедничка радост, соборно ќе ја прославиме 1700-годишнината од одржувањето на историскиот Прв вселенски собор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Србинка загина при пад со парасејлинг во Будва
Следна Статија Мицкоски: Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во училиштата

Владата ја разгледа и усвои информација за обезбедување на буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на обуката организирна од фондацијата „Конрад Аденауер“

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски учествуваше на обуката за пратениците во организација на фондацијата Конрад Аденауер што се…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дали веледрогеријата Пановски го уценува македонското здравство со високи цени за онколошка терапија?

Јавноста со право е потресена поради последните случувања со недостаток на онколошка терапија на Клиниката за онкологија за болните од…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?