Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 20 илјади запленети производи годинава е утврдено дека се фалсификати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За 20 илјади запленети производи годинава е утврдено дека се фалсификати
МАКЕДОНИЈА

За 20 илјади запленети производи годинава е утврдено дека се фалсификати

Објавено May 26, 2025 17:37
Сподели
Сподели

За над шест илјади парчиња парфеми, пет илјади пара обувки, пет илјади парчиња облека, но и други производи што Царинската управа ги заплени годинава е утврдено дека се фалсификат. Станува збор за вкупно 20 илјади производи со потпис за вкупно 57 заштитени трговски марки. Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава за неполни пет месеци открија 51 случај на повреда на право од интелектуална сопственост од кои во 19 случаи веќе е утврдено дека станува збор за фалсификати коишто требало да се продаваат на македонскиот пазар.

Напорите во борбата против трговија со фалсификувана стока се препознаени и од страна на застапниците на брендовите, како и од РЕАКТ Балкан – Глобална организација за борба против фалсификувањето. По тој повод на царинарниците, Секторот за контрола и истраги и на Секторот за акцизи, од страна на Глобалната организација им беа доделени благодарници за исклучителен придонес во борбата против трговија со фалсификувана стока.

Директорот Бобан Николовски заедно со својот тим одржа состанок со Катерина Хаџистојанова, менаџер на РЕАКТ Балкан, како и со застапниците на брендовите сè со цел унапредување и забрзување на постапките за утврдување на оригиналноста на производите. На состанокот воедно се дискутираше и за потребата од уништување на стоката за којашто е потврдено дека е фалсификат во најкраток можен рок.

Од страна на застапниците на трговските друштва и РЕАКТ Балкан беше истакнато дека е забележан исклучителен напредок на Царинската управа во борбата против трговијата со фалсификувана стока, за што говорат и официјалните статистики на управата.

„Еден од главните приоритети на Царинската управа е унапредување на институционалните капацитети за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите преку воведување на зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит и извоз на стоки кои го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и преку зголемена соработка со носителите на ова право и нивните застапници во Македонија. Фактите се само потврда за нашите напори во борбата против трговија со фалсификати. Во 2024 година вкупно се евидентирани 75 случаи на заплени на стока поради основано сомнение за повреда на право од интелектуална сопственост, за разлика од 2023 година кога се евидентирани вкупно 29 случаи. Годинава, за неполни пет месеци, евидентиран е 51 случај на заплена на 49.638 парчиња фалсификувани стоки, за разлика од лани кога во овој период се евидентирани 14 случаи на заплена на 19.707 парчиња фалсификувани стоки“, истакна Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изврши убиство по филмска брканица низ Скопје: Кој е Ацо Боцевски – Циганот, уапсен во Грција по 27 години бегство
Следна Статија Почина актерката Соња Каранџулоска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Берово утрово – 1 степен, максималната дневна и до 23

Во Берово минималната утринска температура изнесувала -1, во Струмица 2, Тетово и Демир Капија 3, Скопје–Петровец, Крива Паланка, Битола и…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон, суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, вели Гаши

Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

„Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?