Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина актерката Соња Каранџулоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина актерката Соња Каранџулоска
ХРОНИКА

Почина актерката Соња Каранџулоска

Објавено May 26, 2025 17:49
Сподели
Сподели

На 77-годишна возраст почина Соња Каранџулоска, позната македонска театарска, филмска и телевизиска актерка, од Македонскиот народен театар, која има словенечко потекло.

-На 25.05.2025 не‘ напушти нашата драга Соња Каранџулоска (1948 – 2025), членка на Словенечкиот центар – Скопје. Беше вистински борец, како на театарските штици и на натпрварите по мечување, така и низ целиот свој живот. Ни беше чест што соработувавме и што оваа година прославата, по повод словенечкиот државен празник на културата, Прешернов ден, ја посветивме на неа и во Младинскиот културен центар – Скопје го организиравме настанот – Вечер со Соња Каранџулоска и пријателите, соопштија од Словенечки центар – Скопје.

Каранџулоска на Факултетот за драмски уметности во Скопје предавала Сценско мечување. Во нејзината богата кариера Соња имала повеќе значајни улоги во театарски претстави, како во Македонскиот народен театар, така и надвор од него: Лиза, Ангелина, Валерија, Паулина, Нора, Рената, Анка, Лезли, Доли, Марија, Клара, Митра, Јокаста, Бетија, Батиша, Жената од Необична жена, Жената од Среќен настан, монодрамата „Клитемнестра“…и многу други.

Ќе биде паметена и по улогите во повеќе ТВ филмови, серии, во Македонските народни приказни, но и по песните и рефрените кои ги испеа на манифестацијата Глумците пеат, каде ја освои публиката со нејзиниот прекрасен глас.

Посмртните останки на актерката Соња Каранџулоска ќе бидат изложени утре, 27 мај, вторник, од 10.45 до 11.30 часот, во црквата Св. Ѓорѓија, во Ченто, а погребот ќе биде во 12.00 часот, на гробиштата Камник – Ченто, Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 20 илјади запленети производи годинава е утврдено дека се фалсификати
Следна Статија Елитна проституција со Бразилки во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Издрогиран скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Ја снимал девојката додека имале сексуален однос, кога сакала да му раскине и се заканувал со видеото

На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго…

March 13, 2025
ХРОНИКА

Младо момче од Возарци пронајдено починато дома

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото било дадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта, информираа денеска…

January 26, 2026
ХРОНИКА

Уапсен битолчанец, возел со речиси 100 км/час повеќе од дозволеното

Вчера во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од…

November 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?