Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изврши убиство по филмска брканица низ Скопје: Кој е Ацо Боцевски – Циганот, уапсен во Грција по 27 години бегство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Изврши убиство по филмска брканица низ Скопје: Кој е Ацо Боцевски – Циганот, уапсен во Грција по 27 години бегство
ХРОНИКА

Изврши убиство по филмска брканица низ Скопје: Кој е Ацо Боцевски – Циганот, уапсен во Грција по 27 години бегство

Објавено May 26, 2025 17:33
Сподели
Сподели

Во јавноста како бомба одекна веста дека в Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, македонски дрзхавјанин кој речиси три децении се криеше од правдата. Според информациите од Грција, потврдени од македонското МВР, тој е уапсен на 26 мај 2025 година во грчкиот град Катерини.

Од МВР соопштија дека грчката полиција ги известила оти Боцевски е уапсен врз основа на меѓународна потерница расписшана уште на 30 јуни 1998 година. Боцевски е баран за издржување затворска казна во траење од 15 години за убиство.

Убиството за кое беше осуден Боцевски се случи во ноември 1997 година, среде бел ден во центарот на Скопје. На настанот му претходеше автомобилска бркотница во која, покрај Боцевски, учествуваше и убиениот, Сеат Ибраими, со возило „мерцедес“, додека „Циганот“ го следел со „корвета“. По кратката потера, Ибраими излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“. Во тој момент, Боцевски излегол од своето возило и го застрелал со повеќе истрелиод пиштол.

Иако осуден, Боцевски успеа да побегне од домашен притвор, по што исчезна без трага. Оттогаш тој се најде на листата со најдолго бараните лица од македонската полиција, а потерницата по него беше една од најстарите активни на веб-страницата на МВР.

Со неговото апсење, се отвора патот за екстрадиција во Македонија, каде што Боцевски треба да ја отслуже изречената казна.

Македонските власти изразија благодарност за успешната соработка со грчките колеги и очекуваат брза и ефикасна постапка за испорачување на Боцевски во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) „Торцида“ го запали стадионот бидејќи Хајдук не ја освои титулата
Следна Статија За 20 илјади запленети производи годинава е утврдено дека се фалсификати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

January 27, 2025
ХРОНИКА

Ниту една камера во околината не го покривала влезот во зградата на Вања

Полицискиот началник Дејан Димовски рече дека веднаш по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска бил детално прегледан целиот реон кај улицата Наум…

October 18, 2024
ХРОНИКА

Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело „Неовластено…

February 9, 2025
ХРОНИКА

Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има информации во врска со марихуаната која беше фатена во Србија, а која излегла…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?