Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин за да се намалат листите на чекање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин за да се намалат листите на чекање
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин за да се намалат листите на чекање

Објавено November 22, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.

-Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало, посочи Андовски.

Тој кажа дека ова претставува доста голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура.

На пример, изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле.

-Тоа се над 23 проценти од луѓето од пациентите без откажување не се појавиле на тој термин, појасни тој.

Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини.

– Само треба да се решиме на кој начин тоа ќе се направи, одговори Андовски на новинарско прашање.

Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период.

-Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме, подвлече тој.

Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти
Следна Статија Канада и’ даде дозвола на Neuralink на Маск за чипирање човечки мозоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Вчера 651 прекршок регистриран преку „Безбеден град“, 585 за пребрзо возење

Преку „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 651 прекршок, од кои 585 биле за пребрзо возење. Изречени се вкупно 58 забрани…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме. Ѕвезда…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николов: Салонот во македонската амбасада во Париз ќе го носи името „ Охрид- др. Анастас Коцарев“

Про. Игор Николов, амбасадор на Македонија во Франција донесе одлука салонот со резбана маса во амбасадата во Париз да биде именувана по Атанас…

March 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?