Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“
БАЛКАН

Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“

Објавено May 16, 2025 10:05
Сподели
Сподели

Меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ оваа година ја добија 623 грчки плажи, 17 марини и 17 туристички јахти, со што Грција ја задржа втората позиција меѓу 52 земји од целиот свет по сини знамиња за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“ соопшти дека во Грција континуирано се зголемува бројот на наградени места, а и ова година наградите се над 600.

Од вкупно 52 земји учеснички во програмата, Грција има 15 отсто од наградените плажи.

Регионот Крит го задржува првото место меѓу регионите со 153 знамиња, а Халкидики е на првото место меѓу грчките префектури со 93 знамиња.

Во програмата право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Оваа година, Меѓународниот комитет наградил 4.302 плажи, 736 марини и 158 туристички јахти од целиот свет, а според наградите, на прво место е Шпанија, втора е Грција, а трета Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палевски тврди: Само тројца учествувале во грабнувањето на Панче, а не четворица
Следна Статија Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Снег ја покри Србија: Температурата се спушти до нула степени

Снежната покривка се формирала на Златар, Тара, Јавор, Златибор, а нејзината висина во овој регион изнесува неколку сантиметри. Снег во…

April 6, 2025
БАЛКАН

Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа

Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22…

April 18, 2025
БАЛКАН

Вулин: Се води хибридна војна против Србија, нападите се координирани од еден центар

Во моментов се води хибридна војна против Србија и претседателот Александар Вучиќ, тврди српскиот вицепремиер Александар Вулин во изјава за…

December 27, 2024
БАЛКАН

Во Косово убиен полициски началник

Косовската полиција потврди дека доцна синоќа во Качаник, мал град во југоисточниот дел на Косово во близина на границата со…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?