Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
БАЛКАН

Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа

Објавено April 18, 2025 09:28
Сподели
Сподели

Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград.

Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) или додека не се прекине емитувањето програма од РТС.

Пред централниот објект на РТС во центарот на Белград студенти во блоакда и граѓани   со свирчиња и вувузели изразуваа незадоволство од работата на Јавниот сервис.

Програмската шема на РТС се емитува отежнато, уредништвото веќе неколкупати повика на прекин на блокадата.

Студентите во блокада синоќа најавија дека Велигден ќе го дочекаат пред Радио и телевизија на Србија и ги повикаа граѓаните да им се придружат во тоа.

„Овој празник го дочекуваме под ведро небо пред РТС, бидејќи сметаме дека борбата за вистината не смее да престане ниту за време на празниците. За сите овие денови на блокада, станавме семејство… И вие сте дел од тоа семејство, вие сте со нас. Нашиот Велигден е и ваш“, пишува во објавата на Студентите во блокада на нивниот Инстаграм профил.

Тие испратија писмо до Одборот за култура и информирање во кое ги известуваат дека блокадата и протестот пред РТС ќе продолжат се додека не објават јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ (регулаторно тело за електронски медиуми).

„Од понеделникот во 22 часот трае незаконската блокада на објектите на Радио и телевизија на Србија поради што вработените се оневозможени да влезат на своите работни места, РТС го прилагодува програмскиот распоред поради тешките услови за работа“, објавија од РТС на Х.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно
Следна Статија РЕАКЦИЈАТА НА МR. GIANT НА „ЗАЈДИ, ЗАЈДИ“ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ: Човече, ова е феноменално!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

И Црногорците ќе ги бојкотираат продавниците

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите…

January 27, 2025
БАЛКАН

Атина се крена за железничката несреќа пред три години

– Под слоганите „Не беше несреќа, беше убиство“, „Правда за загинатите“, „Криминалот од Темпи да не се скрие“, илјадници граѓани…

February 28, 2026
БАЛКАН

Приведени 220 лица по масовниот протест во Атина

За инцидентите што се случија вчера во центарот на Атина по завршувањето на еден од најмасовните протести во последните години,…

March 1, 2025
БАЛКАН

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Ниш и Нови Сад. Пред седиштето…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?