Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно
СВЕТ

Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно

Објавено April 18, 2025 09:25
Сподели
Сподели

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, на 8 декември тајно ја напуштил земјата, ставајќи крај на своето 24-годишно владеење. Според извештај на Reuters, Асад во соработка со најблиските соработници ги префрлил своето богатство и чувствителни документи во Русија, каде што рускиот претседател Владимир Путин му одобрил политички азил.

Четири лета – и целиот имот префрлен

Операцијата била внимателно надгледувана од Јасар Ибрахим, долгогодишен економски советник на Асад. Тој изнајмил приватен авион „Embraer Legacy 600“ кој четири пати летал од Дамаск преку Обединетите Арапски Емирати до Москва. Пренесувани се кеш, злато, уметнички дела и електронски уреди со чувствителни информации.

Секоја тура носела црни, необележани торби со најмалку половина милион долари во кеш, скапоцени скулптури, слики, документи, лаптопи и хард-дискови. Податоците содржеле информации за т.н. „Група“ – интерна мрежа на фирми поврзани со Асад кои оперирале во телекомуникации, енергетика, банкарство и недвижности.

Последниот лет – непосредно пред падот

Финалниот лет започнал од руската воена база Хмејмим, веднаш пред влезот на бунтовничките сили во Дамаск. Во последните денови од својата власт, движењата на Асад биле толку тајни, што дури и најблиските членови на семејството не знаеле каде се наоѓа.

Дипломатски сенки

Подготовките траеле неколку дена. На 6 декември, додека бунтовничката група Хајат Тахрир ал-Шам напредувала кон главниот град, авионот првпат слетал на меѓународниот аеродром во Дамаск, кој бил обезбеден од елитни единици на сириската Разузнавачка служба и Републиканската гарда. Првото полетување било со кеш и вредности, а веќе следниот ден се вратил по документи и дигитални уреди со финансиски и корпоративни податоци, вклучувајќи офшор сметки и партнерства.

Интересен детал е и присуството на возила со ознаки на амбасадата на Обединетите Арапски Емирати на аеродромот, што навестува евентуално учество на странски дипломатски канали во операцијата.

Заминување во сенка

На 8 декември, додека бунтовниците пристигнувале пред портите на Дамаск, Асад се повлекол во Латакија – приморски бастион на режимот – и истиот ден, со руска логистичка поддршка, ја напуштил Сирија.

Според Reuters, денес, неговото богатство и информациите се под строга руска заштита, додека самиот Асад се наоѓа на тајна локација под надзор на Москва. Меѓународната заедница внимателно ја следи ситуацијата, а Сирија повторно се соочува со неизвесност и политички пресвртници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додик: Не можат да ме уапсат, ме чуваат добро обучени специјалци
Следна Статија Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Георгиев: Ќе обезбедиме коридор низ Бугарија за авионот на Путин до Будимпешта

Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот…

October 20, 2025
СВЕТ

Путин потпиша нов Указ за регрутација – во Украина ќе се испратат уште 135.000 Руси

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутирање на руски државјани за воена служба во периодот од октомври до декември…

September 29, 2025
СВЕТ

Орбан ги ограничува цените на храната: „Странските трговски ланци ги ограбуваат Унгарците“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан воведе контрола на цените на основните прехранбени производи во супермаркетите. Економистите проценуваат дека оваа мерка може…

April 9, 2025
СВЕТ

ЕВРОПА УМИРА: Илон Маск објави загрижувачка фотографијa

Американскиот милијардер Илон Маск на социјалната мрежа Х изјави дека Европа се соочува со демографски пад, опишувајќи ја ситуацијата како…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?