Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Два нови балкански рисови фатени на камера на Шар Планина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Два нови балкански рисови фатени на камера на Шар Планина
МАКЕДОНИЈА

Два нови балкански рисови фатени на камера на Шар Планина

Објавено March 17, 2026 15:18
Сподели
Сподели

Две нови единки балкански рис се регистрирани со видеонадзор во Националниот парк Шар Планина, со што вкупниот број на евидентирани единки на ова ретко и загрозено животно се зголеми на пет.

„На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки балкански рис. Тие се забележани при вршење редовен мониторинг на делот од територијата што административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од три на пет. Двете единки се во добра здравствена состојба, што претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина,“ соопштија од НП Шар Планина.

На почетокот на 2026 година, Националниот парк Шар Планина најави дека во текот на годината ќе се засили мониторингот на балканскиот рис, редок и загрозен вид, како дел од продлабочената соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД).

За таа цел се набавени дополнителни фотозамки за следење на дивиот свет. Ренџерите од Националниот парк Шар Планина во 2024 година со камера го регистрираа присуството на рис на локацијата Долна Лешница.

Се проценува дека на планинските подрачја, особено во западниот дел од земјата, живеат околу 40 единки од овој редок вид. Неговото присуство во изминатите дваесетина години се следи со видеокамери поставени на десетици локации во националните паркови Шар Планина, Маврово и Пелистер, како и на Илинска Планина, Јабланица, Галичица и во заштитеното подрачје Јасен.

Популацијата на балканскиот рис во Македонија и понатаму е загрозена, а биолозите предупредуваат дека најголемата опасност за неговиот опстанок не доаѓа само од криволовот. Многу посериозен проблем е тоа што рисовите сè почесто се размножуваат во сродство поради малата бројност на видот. Таквото размножување го ослабува генетското здравје на животните и со време може да доведе до помал број младенчиња и до поголема подложност на болести.

Ловџии пред неколку недели откриле угинат рис на патот Преспа-Ресен, по што го известиле МЕД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запален „ренџ роверот“ на градоначалникот Курто Дудуш од Шутка
Следна Статија МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје од 2400 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Објавена листата на најмоќните пасоши за 2024 година – македонскиот е на 34 место

Како и секоја година, објавено е рангирањето на најмоќните пасоши за 2024 година, а Обединетите Арапски Емирати четврти пат по…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

На „Богородица„ се чека половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини…

July 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Еве колку е загаден воздухот во Скопје

Твитер профилот Fich of Brayan покажа колку е навистина загаден воздухот во Скопје. Од она што може да се забележи…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Груби на распит во Обвинителството

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?