Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавена листата на најмоќните пасоши за 2024 година – македонскиот е на 34 место
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објавена листата на најмоќните пасоши за 2024 година – македонскиот е на 34 место
МАКЕДОНИЈА

Објавена листата на најмоќните пасоши за 2024 година – македонскиот е на 34 место

Објавено December 23, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Како и секоја година, објавено е рангирањето на најмоќните пасоши за 2024 година, а Обединетите Арапски Емирати четврти пат по ред се на првото место.

Македонскиот пасош е на средината на листата, а ако се спореди со земјите од Балканот кои не се членки на ЕУ, нашиот пасош е зад српскиот, а пред албанскиот, турскиот, косовскиот, и оние на БиХ и Црна Гора. Пасошите на Грција, Бугарија и Хрватска се далеку повисоко рангирани.

Овој глобален индекс го мери бројот на земји во кои граѓаните можат да патуваат без виза, а граѓаните на ОАЕ имаат пристап до импресивни 133 земји без визи и дополнителни 47 земји со виза по пристигнувањето, што покрива повеќе од 90 отсто од светот.

Шпанија ја престигна Германија и стана втор најмоќен пасош, додека Финска забележа раст и го зазеде третото место заедно со Франција, Германија, Белгија, Италија, Данска, Холандија, Луксембург, Австрија, Португалија, Норвешка, Швајцарија, Грција и Ирска.

Четвртото место го делат Шведска, Полска и Унгарија, а петти се Чешка, Јужна Кореја, Естонија, Хрватска и Словачка.

На шестото место се Јапонија, Словенија, Летонија, Нов Зеланд и Лихтенштајн.

На седмото место се Сингапур, Малта, Обединетото Кралство, Канада, Литванија, Романија, Бугарија и Австралија.

Пасошот на Македонија заедно со Ел Салвадор, Гватемала и Таиван е на 34. место.

Најмоќните пасоши за 2024 година:

  1. Обединети Арапски Емирати
  2. Шпанија
  3. Финска, Франција, Германија, Белгија, Италија, Данска, Холандија, Луксембург, Австрија, Португалија, Норвешка, Швајцарија, Грција, Ирска
  4. Шведска, Полска, Унгарија
  5. Чешка, Јужна Кореја, Естонија, Хрватска, Словачка
  6. Јапонија, Словенија, Латвија, Нов Зеланд, Лихтенштајн
  7. Сингапур, Малта, Обединетото Кралство, Канада, Литванија, Романија, Бугарија, Австралија
  8. САД и Исланд
  9. Кипар
  10. Малезија и Монако
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
Следна Статија Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани

Обдукцијата на починатите во пожарот во дискотеката во Кочани е завршена денеска, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиника

Директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди информира дека во нивната клиника е зголемен бројот на пациенти со респираторни и цревни…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од петок „One stop shop“ со Србија, се очекува многу побрзо поминување на граница

Овој петок се очекува на граничниот премин Табановце-Прешево да почне да функционира „One stop shop“, интегрираниот граничен систем на Македонија…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за политичката кампања за Локалните избори 2025. Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот,…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?