Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи
СПОРТ

Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи

Објавено December 23, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Двајца затвореници побегнаа од затворот во Пикасент, 15 километри од Валенсија, во саботата навечер, искористувајќи ја еуфоријата предизвикана од гледањето фудбалски натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид на телевизија.

Затворениците избегале по ноќното пребројување, кое се случува околу 21 часот, што се совпадна со почетокот на дербито од шпанската лига меѓу Барселона и Атлетико.

Затворениците ја искористиле вревата и метежот предизвикан од натпреварот, објави денеска шпанскиот јавен сервис ТВЕ, повикувајќи се на неименувани извори од затворот.

Двајца затвореници ги скршиле решетките од својата ќелија, се спуштиле со врзани чаршафи и избегале од затворскиот комплекс.

Затворскиот синдикат изјави за новинската агенција ЕФЕ дека бегството на двајцата е резултат на пропуст на безбедносниот систем во затворот во Валенсија, еден од најстарите во Шпанија. Синдикатот повика на ангажирање на дополнителни чувари.

Затворската служба отворила истрага, а полицијата трага по бегалците, чиј идентитет не е соопштен, ниту зошто издржувале затворска казна.

Фудбалот е најпопуларниот спорт во Шпанија. Во саботата Атлетико го презеде првото место на првенствената табела од Барселона со победа од 2-1.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавена листата на најмоќните пасоши за 2024 година – македонскиот е на 34 место
Следна Статија Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува Петрушевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ферстапен го надмудри Мекларен и ја оствари првата спринт победа

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на третата спринт трка во сезоната, која се одржа во рамките на Големата…

July 26, 2025
СПОРТ

Ангела и Јована се најзгодните кошаркарки во женската НБА лига (ФОТО)

Сезоната на WNBA во 2026 година, која е 30-та јубилејна сезона на лигата, официјално започна во петок, 8 мај, а…

May 11, 2026
СПОРТ

РФМ доби казна од ИХФ и предупредување дека може да играме без публика на СП

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) парично ја казни Ракометната федерација на Македонија со 10.000 швајцарски франци поради однесувањето на навивачите за…

January 18, 2025
СПОРТ

Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Ова е веста која веднаш го обиколи фудбалскиот свет откако шпанскиот…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?