Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза
МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Објавено August 26, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад „Македонија“ во Скопје.

Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош.

Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра.

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови.

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација.

По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо.

На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дела папата Франциск го признал второто нејзино чудо со лекување на човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот.

Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан пред десетици илјади луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ја смени гувернерката на ФЕД поради наводна хипотекарна измама, Кук одбива да се повлече
Следна Статија Њукасл со играч помалку се врати од 0:2, но тинејџер во 100.минута погоди за триумф на Ливерпул (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Во рок завршува рехабилитацијата на патот Охрид – Св. Наум

Јавното претпријатие за државни патишта информира за завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судиите до Мицкоски: Со вашите коментари ги преминавте границите на доброто однесување

Двете највисоки тела на судската власт во државата и Здружението на судии денеска преку писмено соопштение реагираа на критиките што…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Само дома си е дома

Премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Македонија наутро“ на МРТ изјави дека за време на периодот на транзицијата во…

April 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?