Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ја смени гувернерката на ФЕД поради наводна хипотекарна измама, Кук одбива да се повлече
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ја смени гувернерката на ФЕД поради наводна хипотекарна измама, Кук одбива да се повлече
СВЕТ

Трамп ја смени гувернерката на ФЕД поради наводна хипотекарна измама, Кук одбива да се повлече

Објавено August 26, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранил од функцијата Лиса Кук, гувернерката на Федералните резерви (ФЕД), обвинувајќи ја дека сторила хипотекарна измама.

Во писмо до Кук, Трамп наведува дека постојат „доволно докази“ дека Кук давала лажни изјави во договорите за хипотеки, а Федералната агенција за финансирање на домувањето поднесе барање до Министерството за правда за отстранување на гувернерката.

„Во најмала рака, спорното однесување покажува еден вид небрежност во финансиските трансакции што ја доведува во прашање вашата компетентност и сигурност како финансиски регулатор“, се наведува во писмото.

Трамп додаде дека отстранувањето на Кук, првата афроамериканка на оваа позиција, било неопходно за да се спроведе законот, објавува Еј-Би-Си.

Кук возврати дека Трамп „нема овластување“ да ја отпушти и дека таа ќе продолжи да ги извршува своите должности, а нејзиниот адвокат, исто така, забележа дека се во тек правни дејствија, велејќи дека ќе преземат „сите потребни чекори“ за да го блокираат „обидот за нелегално дејствување“ на Трамп.

Минатата недела, Трамп ја повика Кук да поднесе оставка, истиот ден кога Бил Пулт, директорот на Федералната агенција за финансирање на домувањето, објави дел од писмото од 15 август до американската обвинителка Пам Бонди, обвинувајќи ја Кук за фалсификување на банкарски документи и евиденција за недвижности за да добие подобри услови за кредит, „потенцијално иницирајќи хипотекарна измама“, се наведува во писмото.

Во минатонеделната изјава дадена на Еј-Би-Си Њуз (ABC News) Кук рече дека дознала од медиумите за писмото на Пулт, во кое се бара кривична постапка за хипотекарни барања што датираат од пред нејзината работа во Федералните резерви.

Кук за членка на Управниот одбор на ФЕД беше номинирана во 2022 година од поранешниот американски претседател Џо Бајден, а нејзиниот мандат трае до јануари 2028 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем подвиг: Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш и го развеа македонското знаме
Следна Статија Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски му подари на Трамп фалц шампионски појас од боксерот Усик

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, при посетата на Белата куќа во Вашингтон, на својот американски колега Доналд Трамп му подарил лажен…

March 2, 2025
СВЕТ

Илон Маск донираше 75 милиони долари за кампањата на Трамп

Во објавата на социјалната мрежа Икс, Маск посочи дека ќе одржи серија разговори низ Пенсилванија. Пенсилванија се смета за клучна…

October 16, 2024
СВЕТ

Пресврт во Украина: Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под водство на претседателот Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД и…

March 4, 2025
СВЕТ

Бајден го прогласи 9 јануари за ден на жалост во САД за Џими Картер

Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи 9 јануари за национален ден на жалост за Џими Картер, повикувајќи ги Американците да…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?