Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Ниту еден патриот денеска не смее да остане дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Ниту еден патриот денеска не смее да остане дома
СВЕТ

Орбан: Ниту еден патриот денеска не смее да остане дома

Објавено April 12, 2026 16:17
Сподели
Сподели

Ниеден патриот денеска не смее да остане дома – порача актуелниот премиер на Унгарија и лидер на десничарската и конзервативна партија Фидес, Виктор Орбан, кој се бори за петти последователен мандат.

„Многу луѓе гласаат. Ова значи само едно – ако сакаме да ја зачуваме безбедноста на Унгарија, ниту еден патриот не треба да остане дома. Само Фидес! До победа!“,порача Орбан на социјалните мрежи.

Унгарскиот премиер рече дека мирот и безбеноста на Унгарија можат да зависат од само еден глас.

Откако утринава гласаше во Будимпешта заедно со својата сопруга, Орбан во изјава за медиумите порача дека дошол за да победи на изборите.

Унгарците денеска гласаат на едни од најнеизвесните, но и најзначајните парламентарни избори во поновата историја на земјата, со кои би можело да се прекине 16-годишното владеење на актуелниот премиер Орбан. По победата на партијата на Орбан на четири последователни парламентарни избори од 2010 година, првпат постои реална можност за победа на опозицијата.

Според официјалните податоци на Националната изборна канцеларија на Унгарија, до 13 часот попладнево на гласање излегле рекордни 54,14 отсто од запишаните избирачи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарија гласа
Следна Статија Преговорите меѓу САД и Иран пропаднаа – што ќе се случува понатаму?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план

Тврдењето дека рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил американскиот мировен план за Украина би било неточно, изјави денеска портпаролот на…

December 3, 2025
СВЕТ

Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет

Гувернерката на Токио сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот град како дел од националниот…

December 4, 2024
СВЕТ

Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори

Администрацијата на Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори на САД во светот. Отповикувањето на амбасадорите…

December 23, 2025
СВЕТ

Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази „100 проценти“ увереност во постигнувањето „трговски договор“ во тековниот царински спор со Европската унија, за…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?