Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Доколку Иран ги прифати условите конфликтот завршува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Доколку Иран ги прифати условите конфликтот завршува
СВЕТ

Трамп: Доколку Иран ги прифати условите конфликтот завршува

Објавено May 6, 2026 16:42
Сподели
Сподели

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека доколку Иран се согласи да ги исполни договорените услови, конфликтот ќе заврши, а Ормуската Теснинац би била отворена за сите, додека во спротивно ќе следи поинтензивно бомбардирање од претходно.

„Под претпоставка дека Иран ќе се согласи да го исполни договореното, што е можеби голема претпоставка, веќе легендарниот „Епски бес“ би завршил, а многу ефикасната блокада би овозможила Ормускста Теснина да биде отворена за сите, вклучително и за Иран“, напиша тој на мрежата Truth Social.

Трамп истакна дека доколку Иран не се согласи, бомбардирањето ќе започне и дека, за жал, тоа ќе биде на многу повисоко ниво и поинтензивно отколку порано.

Како што претходно денеска објави Аксиос, повикувајќи се на американски претставници запознаени со преговорите, САД и Иран се приближуваат кон постигнување прелиминарен меморандум за разбирање што би можел да го означи крајот на сегашниот конфликт и да го отвори патот за подетални преговори за нуклеарната програма на Иран.

Според овие изјави, Вашингтон очекува одговор од Техеран за клучните точки од договорот во следните 48 часа, и иако сè уште не е постигнат договор, изворите проценуваат дека двете страни се најблиску до договор од почетокот на конфликтот.

Предложениот меморандум од 14 точки би ја вклучил посветеноста на Иран на мораториум за збогатување на ураниум, заедно со постепено укинување на американските санкции и ослободување на замрзнатите ирански средства.

Тој би предвидел и ублажување на ограничувањата за пловидба низ Ормуз.

Како што е наведено, документот би прогласил крај на непријателствата и би започнал 30-дневен период на преговори за сеопфатен договор, кој би вклучувал нуклеарни ограничувања, слобода на пловидба и економски мерки.

Исламабад и Женева се споменуваат како можни локации за продолжување на преговорите.

Американските претставници наведуваат дека во тој период, иранските ограничувања за пловидба, како и американските поморски мерки, постепено би биле укинати, со можност за нивно повторно воведување доколку преговорите не успеат.

Клучното прашање во преговорите останува времетраењето на мораториумот за збогатување на ураниум.

Извори наведуваат дека САД бараат период до 20 години, додека Иран предлага пет години, со компромисни решенија кои се движат од 12 до 15 години.

По истекот на рокот, на Иран би можело да му се дозволи ниско ниво на збогатување.

Според предлогот, Иран би се обврзал да не развива нуклеарно оружје, како и да прифати засилен режим на меѓународни инспекции, вклучително и ненајавени инспекции.

Се разгледува и можноста за преместување на високо збогатен ураниум надвор од земјата, што е едно од клучните барања на Вашингтон.

Американската администрација проценува дека постојат поделби во рамките на иранското раководство што би можеле да го отежнат постигнувањето конечен договор, додека некои американски претставници остануваат скептични во однос на исходот од преговорите.

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се откаже од планираната воена операција во Ормуз, според изворите, е поврзана со напредокот во преговорите и напорите за зачувување на кревкото примирје.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека станува збор за сложен и технички тежок процес, нагласувајќи ја потребата од јасна дипломатска рамка, но во исто време изрази сомнежи за подготвеноста на иранското раководство да постигне договор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Безбеден град“ до крајот на годинава ќе се воведе во цела Македонија
Следна Статија Уставен поведе постапка за нееднаков третман при добивање парична помош за новороденчиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кинески „Дипсик“ ги стресе берзите и светот на високата технологија

Лансирањето на кинеската апликација „Дипсик“ (DeepSeek) го стресе светскиот технолошки пазар и ја доведе во прашање досегашната американска доминација во…

January 28, 2025
СВЕТ

Белгија станува нарко држава контролирана од балканскиот картел

Белгија ризикува да стане „нарко-држава“ каде што мафијата, предводена од осомничен балкански картел, создава паралелна структура на моќ, предупредуваат познавачите…

June 30, 2026
СВЕТ

Авионот што наводно го превезувал сирискиот претседател исчезнал од радарите

Последниот авион што полета од Дамаск, пред сириските бунтовници да го преземат градот, исчезна од радарите веднаш по полетувањето над…

December 8, 2024
СВЕТ

Министер на Путин во воен авион возел актрактивна љубовница- скандал го тресе Кремљ (ВИДЕО)

Нов скандал го потресе Кремљ откако се проширија гласини дека висок функционер на рускиот претседател Владимир Путин наводно користел воен…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?