Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди
МАКЕДОНИЈА

Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди

Објавено May 21, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Здружението за заштитна на животните, Анима Мунди денеска обвини за нов насилен случај врз животни, односно свирепо мачење на штрк во Гевгелија. Како што информираат, штркот бил измачуван од страна на група деца. Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видео-снимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство врз диво и кревко младо животно, што завршило со сериозни повреди.

-Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата кои извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и игноранција, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција. „Анима Мунди“ со години укажува дека хуманоста, сочувството и грижата кон животните и природата мора да се негуваат од најрана возраст – во образовните институции, во медиумите, но најмногу дома. Само преку едукација, системска промоција на етички вредности и одговорно родителство, можеме да изградиме општество во кое вакви акти на суровост ќе станат незамисливи, велат од здружението и бараат итна реакција од надлежните институции.

Според објавите на социјалните мрежи, малолетниците со велосипеди намерно го повредиле штркот.

Закони за заштита на животните во земјава има, но не се спроведуваат. Бездомните животни секојдневно се изложени на нехуман третман. Тепање, убивање, труење, малтретирање на уличните животни е секојдневие. Активистите обвинуваат, но, надлежните институции не преземаат ништо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајко Славески е предлогот за нов гувернер
Следна Статија Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар

Стареењето е природен процес. Во услови кога младите имаат сѐ подинамичен живот и голем број обврски, а сѐ помалку слободно…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од први октомври покачување на пензиите, следното зголемување напролет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Пороен дожд, грмежи и ветер во делови околу Македонски Брод и Кичево

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево зафатија делови во околината на Македонски Брод и Кичево. Според радарската слика од…

June 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонка во Германија треба да докажува пред суд дека не ги киднапирала децата

На македонката Марина Лозановска –Шварцот наредните шест дена и се денови на исчекување на судстото рочиште во судот во Минхен,…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?