Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајко Славески е предлогот за нов гувернер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трајко Славески е предлогот за нов гувернер
ЕКОНОМИЈА

Трајко Славески е предлогот за нов гувернер

Објавено May 21, 2025 21:12
Сподели
Сподели

Професорот Трајко Славески за гувернер на Народната банка – е изборот на претседателката Гордана Силјановска Давкова

Ве информираме дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, стои во соопштението од Кабинетот на Силјановска Давкова.

Неговото име и најмногу се споменуваше како потенцијален челник на централната банка.

Славески е актуелен претседател на Советотот на Град Скопје. Зад себе има богата академска и политичка кариера. Редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ, каде што и самиот ги минал сите скалила од додипломските студии до докторат. Јавноста го памети и како министер за финансии. Меѓутоа, на јавната сцена најмногу се истакнува во учеството на економските дебати, како експерт чии погледи и ставови имаат реална основа и тежина.

Славески е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и има учествувано во изработката на програмските документи на партијата.

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска завршува денес, но според законските одредби, фунцијата ќе ја извршува до изборот на новиот гувернер. Нејзината работа во изминатите седум години е оценета како особено успешна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопска гинекологија ќе добие современ ин- витро центар
Следна Статија Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Повисоки стапки на раст од проектираните, понизок јавен долг и висока реализација на капитални инвестиции

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува дека 2024 година ќе заврши со многу повисока стапка на раст од проектираната, јавниот…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

На едно четиричлено семејство му требаат 63.498 денари за основни месечни расходи

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја објави вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година. Според податоците…

July 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Тутунскиот комбинат Прилеп на 18 ноември започнува со откуп на тутун

На 18 ноември Тутунскиот комбинат Прилеп започнува со откуп на тутун од годинашната реколта. На денешната прес конференција директорот Александар…

November 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот…

November 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?