Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди
МАКЕДОНИЈА

Деца свирепо измачувале штрк во Гевгелија, објави Анима Мунди

Објавено May 21, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Здружението за заштитна на животните, Анима Мунди денеска обвини за нов насилен случај врз животни, односно свирепо мачење на штрк во Гевгелија. Како што информираат, штркот бил измачуван од страна на група деца. Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видео-снимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство врз диво и кревко младо животно, што завршило со сериозни повреди.

-Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата кои извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и игноранција, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција. „Анима Мунди“ со години укажува дека хуманоста, сочувството и грижата кон животните и природата мора да се негуваат од најрана возраст – во образовните институции, во медиумите, но најмногу дома. Само преку едукација, системска промоција на етички вредности и одговорно родителство, можеме да изградиме општество во кое вакви акти на суровост ќе станат незамисливи, велат од здружението и бараат итна реакција од надлежните институции.

Според објавите на социјалните мрежи, малолетниците со велосипеди намерно го повредиле штркот.

Закони за заштита на животните во земјава има, но не се спроведуваат. Бездомните животни секојдневно се изложени на нехуман третман. Тепање, убивање, труење, малтретирање на уличните животни е секојдневие. Активистите обвинуваат, но, надлежните институции не преземаат ништо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајко Славески е предлогот за нов гувернер
Следна Статија Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Кочани не излезе во јавност, на ФБ изрази сочуство за настраданите

По трагедија во Кочани, во која во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а речиси 150 се повредени, градоначалникот на…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на Владата во мај или јуни, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и…

March 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пратениците се вратија од одмор

Годишниот одмор за пратениците официјално заврши. Работата на законодавниот дом започнува денеска со средба на претседателот на Собранието Африм Гаши…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во недела „Осмомартовски“ марш против насилството врз жените во Жена Парк Борец

На Осми март, оваа недела во недела, во 12:00 часот, во Жена Парк Борец во центарот на Скопје ќе се…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?