Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад

Објавено May 22, 2025 18:46
Сподели
Сподели

Првиот Вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити го оцени како историски ден за државата денешното потпишување на Договорот меѓу владите на Македонија и Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти.

-Ова е историски ден за државата, потпишување на финансиски договор со Велика Британија, со што стратешки се решаваат и се инвестира во повеќе области како што е железничкиот сообраќај, образованието, здравството. Кон ова додававме и проекти од екологија. Долго време со децении, се трудиме, се бориме да го решиме проблемот со опасниот отпад на неколку точки низ целата држава, посебно фабриките што се од времето на поранешна Југославија, каде отпадот е ризичен и за природата и за граѓаните. Ова е нова можност еднаш засекогаш да се реши тој проблем, со што ќе придонесеме за поздрав живот и за природата во нашата држава, изјави Меџити по потпишувањето на договорот во собата на Винстон Черчил, во Одделот за бизнис и трговија на британската влада, јави известувачот на МИА.

Меџити беше дел од владината делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во која беа и министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорот на Македонски железници и инфраструктура, Синиша Ивановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велика Британија воведува хемиска кастрација на сексуални престапници
Следна Статија Скопје станува шаховски центар викендов, учествуваат 200 учесници од 8 земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судот не поведе постапка во предметите од Хелсиншки комитет и „Бехтел и Енка“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата со која се бараше испитување на уставноста на дел од Законот за изградба на автопатиштата…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата

Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од четврток пад на температурите, од сабота пообилни врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека времето денеска и утре ќе биде стабилно, а од среда ќе следува променливо…

April 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе се обноват погоните, а вработените ќе се вратат на работа, најавија од менаџментот на Макпрогрес Винчини

Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница експресно ќе бидат обновени, а работа ќе се…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?