Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје станува шаховски центар викендов, учествуваат 200 учесници од 8 земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Скопје станува шаховски центар викендов, учествуваат 200 учесници од 8 земји
СПОРТ

Скопје станува шаховски центар викендов, учествуваат 200 учесници од 8 земји

Објавено May 22, 2025 18:48
Сподели
Сподели

На 23 мај, петок во Скопје почнува Меѓународниот младински шаховски турнир „КВАЛИТЕТ 2025”, во организација на Јахја Кемал колеџот и Шаховскиот клуб „Гамбит Асеко”. Турнирот се одржува осма година по ред, а годинава е поддржан и преку проектот „Ајде да играме шах“, дел од програмата Еразмус+.

Досега се пријавени околу 200 учесници од Казахстан, Молдавија, Грција, Бугарија, Србија, Турција и Македонија, а се очекуваат и натпреварувачи од Црна Гора.

Пријавувањето завршува на 23 мај до 17:00 часот, по што ќе следи официјалното отворање на турнирот. Првиот круг ќе започне во петок во 18:00 часот.

Турнирот ќе се одвива во три возрасни категории:

  • Под 8 години
  • Под 10 години
  • Отворена категорија до 20 години

Партиите од првите пет табли ќе бидат пренесувани во живо во реално време и ќе може да се следат на официјалниот канал chess.com.

Наградниот фонд изнесува 1.500 евра, со дополнителни стокови награди за најуспешните учесници.

Турнирот го предводи 17 годишниот ФИДЕ мајстор – Антон Златков, кој е учесник на првото издание на КВАЛИТЕТ во 2016 година.

Шаховскиот фестивал КВАЛИТЕТ прерасна во традиција и се одржува од 2016 година, со прекин во 2020 и 2021 година поради пандемијата. Оттогаш до денес, турнирот прерасна во еден од водечките младински шаховски настани во регионот.

Во сабота, во 14 часот при доделување на наградите на турнирот до 8 години ќе бидат промовирани првите анимирани цртани филмови за изучување на основните правила во шахот во рамки на проектот Еразмус + „Ајде да играме шах”.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад
Следна Статија Модниот гигант во проблеми: Дали ова е почетокот на крајот?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Кузмановски: Веруваме дека ќе ја израдуваме македонската нација

Македонската машка ракометна репрезентација ја очекува настап на Светското првенство во кое во првата фаза ќе ги одмериме силите со…

January 4, 2025
СПОРТ

Американските медиуми го распнаа Јокиќ откако изјави дека овој Божик не е негов

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени на Божиќната ноќ од Феникс Санс на гостински терен со резултат 110:100. На Нагетс…

December 26, 2024
СПОРТ

Барса може да го купи Вилијамс само ако продаде играч со висока плата – двајца такви се во опција

Иако најпрво се велеше дека не го сакаат ова лето, од Барса почнаа сериозно да се интересираат за Нико Вилијамс…

June 18, 2025
СПОРТ

Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија

Министерството за спорт на Македонија официјално информираше дека ги поништило решенијата за извршување на спортска дејност на ЖРК Скопје и…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?