Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На СОС линијата „АлоБушавко“ деца бараат помош од самоубиствени мисли
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На СОС линијата „АлоБушавко“ деца бараат помош од самоубиствени мисли
МАКЕДОНИЈА

На СОС линијата „АлоБушавко“ деца бараат помош од самоубиствени мисли

Објавено May 18, 2026 16:43
Сподели
Сподели

Децата и младите не се во целост заштитени и има многу повеќе што да се направи и во однос на семејството и институциите во државата за што треба поголема будност, следење на состојбата на промените во однесувањето на децата и младите со цел рана детекција и превенција на насилството, покажува годишниот извештај на СОС-линијата +389 70 390 632 за деца и млади „Ало, бушавко“ за 2025 година – истакна денеска на прес-конференција Жарко Змијанац, в.д. оперативен директор на Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Операторката на линијата во 2025 година, Мила Дамјановска, рече дека имале 284 дојави, кои биле примени преку разни канали на комуникација, од кои 227 биле на телефон, 22 биле преку СМС-пораки, 15 преку имејл, а 3,5 отсто биле на „Вибер“. За најголемиот број дојави, односно 30 отсто (83 дојави), како главна причина било менталното здравје, односно станувало збор за страв од вознемиреност, како и самоубиствени мисли и обиди за самоубиств, кои беа најчести во категоријата, и имаа по 19 случаи.

– Многу е загрижувачки што имавме дојави од 19 деца што имале самоубиствени мисли или се обиделе да си го одземат животот. Ова е аларм за целото општество и укажува на потреба од навремена реакција, континуирана поддршка, поголемо внимание на психичката состојба на децата и младите. Кај вакви случаи треба да интервенираат училиштата, родителите и луѓето кои се најчесто со децата и може да ги препознаат тие симптоми кога детето не се однесува исто и тоа може да биде губење интерес за секојдневните активности, изолирање, страв, тага или да изразуваат безнадежност. Ова се првите знаци што треба да ги препознаат возрасните и да интервенираат и да им дадат простор за да си ги кажат проблемите и она што ги мачи – рече Дамјановска.

Од вкупниот број дојави, 64 биле за семејните односи, од кои 48 се однесуваат на односите со родителите и станувало збор за случаи во кои родителите имале конфликт со своите деца или родителите се во бракоразводна постапка, 57 биле за повреди, од кои 22 биле физичко насилство, девет биле за негрижа на родителите кон децата, а осум биле за булинг. Од вкупниот број дојави, 39 бил за пристапност до образование, социо-економски потреби и какво било право што на детето му е гарантирано, а не може да го добие, а 18 се за училишна средина, кои се однесуваат на проблеми со материјалот во училиштето, односи со училишниот кадар или меѓуврснички односи…

– Имаше 172 дојави од Македонци, 19 од Албанци, 11 од Роми, а за 79 лица не ја кажале националноста. Имаше рамномерна застапеност меѓу момчиња и девојчиња. Момчињата имаат 108 (39 проценти), а девојчињата 102 (36 проценти), а за 68 не бил познат полот бидејќи тие пратиле пораки преку „Вибер“. Меѓу оние што се јавуваа на линијата најчесто беа на возраст од 10 до 12 години (38 деца), од 13 до 15 години (33 дојави) и од седум до девет години (27 дојави). За машките од седум до 15 години најчесто се јавувале нивните родители, а девојчињата повеќе се јавуваа сами, и тоа на возраст од 13 до 25 години. Имавме дојави од деца што се од ранливи групи, на кои им дадовме поддршка – поочи Дамјановска.

Експертот за психосоцијална поддршка на деца, Јорданка Черепналкова-Трајкоска, рече дека 284 деца почувствувале дека не може сами да се справат и дека најсилниот сигнал што се добива во извештајот е дека најчестата причина поради која се јавуваат е менталното здравје, кое, според неа, треба да биде системски приоритет. Таа појасни дека менталното здравје не треба да е грижа само на психолозите, туку и на секој човек.

– Осумдесет и три случаи, кои се јавиле поради оваа причина, значи дека тоа е 30 отсто од вкупниот број дојави. Тоа значи дека секое трето дете што се јавило се бори со некоја внатрешна болка, со страв, анксиозност, вознемиреност, со нарушено расположение и опасни мисли насочени кон себе, со самоубиствени мисли, како што покажува извештајот. Тоа покажува дека децата не се само под стрес, не се во некоја минлива криза, напротив, тие се оптоварени, преплавени, тоа се сигнали на сериозна ранливост и голем дел од овие сигнали е поврзан со дигиталното насилство преку пораки. Тоа значи дека денешното дете не може да се исклучи од насилството, тоа живее во реалност во која насилството не престанува во училиште, не се ограничува на еден простор и често се случува пред публика. Токму затоа психолошкиот ефект е посилен – истакна Черепналкова-Трајкоска.

Таа рече дека кога детето е изложено на онлајн-понижување, не само што доживува напад туку го губи и чувството дека припаѓа некаде, не може да се смести, да најде безбеден простор, а тоа доведува до анксиозност, социјално повлекување, намалена самодоверба, а во некои случаи и до самоубиствени мисли.

– Дигиталното насилство треба да се третира како и физичкото насилство. Образованието тука мислам дека имаме тргнато чекор понапред, мора да вклучува емоционална и дигитална писменост и најважно – треба да создаваме возрасни што слушаат со разбирање – додаде Черепналкова-Трајкоска.

Во врска со дојавите, Првата детска амбасада „Меѓаши“, во рамките на тимот „Бушавко“ преземала активности, при што дадени се 152 препораки, 22 дојави се препратени кон други организации за правна поддршка и се насочени кон конректни прашања, за 28 дојави имале директни интервенции во кои се контактирани други институции, 19 дојави се упатени до надлежни органи за спроведување на законот, 16 дојави до институции за заштита на децата, 13 дојави до здравствени работници, шест дојави до советници во училиштата и во случаи е направена друга интервенција.

Активна е и европската СОС линија 116 111 која е наменета за потребите на децата и младите, а телефонскиот број 070 390 632 ќе биде наменет за следење случаи кои имаат континуирана поддршка и натамошно спроведување до институциите. Во рамките на проектот ќе се креира прирачник и фокус групи од чии наоди ќе продолжи кампања која ќе биде презентирана на социјалните мрежи и е наменета за децата, младите и родителите во насока на презентација на ризиците на интернет и превенција на насилството и други случаи и злоупотреби. Презентацијата на извештајот се одржа во рамки на проектот „Безбеден интернет простор за деца и млади“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, информираа од „Меѓаши“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев
Следна Статија Филков најавува ново решение за конфискација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Вкупниот број на хоспитализирани е 117, a 13 се испратени на лекување во странство

Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека сите пациенти повредени во трагедијата се згрижени и се во стабилна, релативно добра…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

УТРЕ СЕ ВКЛУЧУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Ниските температури ја поместија грејната сезона

ЕСМ соопшти дека од 2 октомври 2025 година започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Благодарен сум на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но некои работи ќе мораме сами да ги истераме до крај

Министерот за правда Игор Филков е благодарен на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но смета дека…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен

На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?