Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев

Објавено May 18, 2026 16:37
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска на прес-конференција изнесе документи од Трговскиот регистар на Република Бугарија, обвинувајќи го претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за наводна поврзаност на неговите бизнис интереси во соседството со неговите политички ставови за уставните измени.

Според документите што ги презентираше ЗНАМ, Филипче е наведен како единствен сопственик на капиталот и управител на компанијата ПАУЪР АЙ8 ЕООД, чие седиште се наоѓа во градот Петрич, на улицата „Гоце Делчев“ бр. 12. Од партијата посочуваат дека на истата адреса во Петрич е регистрирана и компанијата ГОМАСИДРА ЕООД, која, како што велат, е во сопственост на Вице Заев.

Од ЗНАМ јавно го повикаа лидерот на СДСМ да излезе пред граѓаните и да одговори на неколку клучни прашања поврзани со оваа фирма.

„Го повикуваме Венко Филипче да одговори дали е точно дека е сопственик на оваа компанија во Петрич, со какви дејности се занимава таа и колкав капитал и имот поседува во соседната држава. Дали овие бизнис интереси, кои очигледно ги има заедно со семејството Заеви, се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат?“, прашуваат од ЗНАМ.

Од партијата додаваат дека јавноста има право да знае дали ставовите на претседателот на СДСМ во однос на Бугарија се условени, ублажени или компромитирани поради грижата за неговиот личен имот и капитал, нагласувајќи дека Македонија не смее да биде заложник на ничии лични и деловни интереси.

„Молкот не е одговор, молкот е признание. Очекуваме Филипче да собере храброст и да се соочи со вистината и со граѓаните за да објасни дали неговите политички ставови се резултат на лични убедувања или се исклучиво во интерес на неговите бизнис релации“, порачуваат од ЗНАМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се разговара за колективно решение за полесно минување на границите летово
Следна Статија На СОС линијата „АлоБушавко“ деца бараат помош од самоубиствени мисли

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Поставени се темелите, по изборите почнува фазата на жестока работа и големи резултати

Државава во изминатите година и пол е консолидирана по распадот и пустошот во која беше затекната при преземањето на власта.…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Штета е да е не се искористи продолжен викенд: Филипче си отпатува за Франкфурт

Ден пред празникот 1 мај, во четвртокот, додека во Собранието на Република Македонија се поставуваа пратенички прашања, претседателот на СДСМ,…

May 1, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски во Струмица: Заедно со народот, да ги ангажираме сите капацитети, заедно да го рестартираме системот

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва беше на состанок со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица. -Заедно со народот, да ги ангажираме сите…

March 28, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасков: Бараме оставка од министерката Јаневска и итна смена на директори поради насилството во училиштата

Опозицискиот СДСМ денеска упати остри критики до Министерството за образование и наука поради зачестените инциденти, физички пресметки и појава на…

May 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?